ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Синдикатот на пожарникари на Град Скопје бара покачување на платите на нивото предвидено со закон

September 11, 2020 10:42
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Покачување на платите на скопските пожарникари на нивото предвидено со закон и потврдено од суд, бара Синдикатот на пожарникари на Град Скопје. Со тоа, посочуваат од Синдикатот, Градот ќе заштеди на судски трошоци, а пожарникарите во просек би добивале 25-26 илјади денари, наместо досегашните 20 илјади денари.

Од Синдикатот, исто така, посочуваат дека судот пресудува во нивна полза изјаснувајќи се по тужбите поднесени од секој еден пожарникар-спасител поради исплатена плата за 10 отсто помала од таа што требало да ни се пресметува за периодот (2014-2017).

– Со тоа пожарникарите ги добиваат своите пари, но Градот покрај овие пари исплаќа и камати, трошоци за судот и за адвокати, а понекогаш и за извршители. Секако ние остануваме оштетени за некоја сума на пари порди тоа што овие пари не ни се пресметуваат во просекот за пензионирање, нагласуваат од Синдикатот.

Поради фактот следуваат и тужби за периодот (2017-2020) од Синдикатот ги повикуваат институциите на системот да се ангажираат во правец на решавање на овој проблем како од јавните заеднички пари би биле потрошени значително помалку пари него сега.

– Од вештачењето на стручните лица во судската постапка се гледа дека наместо сегашните 90-ина милиони денари потрошени за оштета за три години за скопските пожарникари покачувањето на платите онака како што налага судот при што секој од нас во просек наместо сегашните 20.000 ќе добива 25-26.000 денари со што би го достигнале републичкиот просек би го чинело Градот дупло помалку. Напоменуваме дека трошоците се далеку поголеми кога би се пресметало за сите противпожарни единици низ државата, се вели во реакцијата од Синдикатот на пожарникари на Град Скопје.

Синдикатот на пожарникари на Град Скопје ги повикува институциите да ја работат својата работа, а истовремено домаќински да ги трошат јавните пари и во соработка со синдикатото конечно да го решат ова прашање како не би имало потреба од поинакви форми на протест.

Next Post

Од 1 октомври нов Повик на ФИТР – за иновациски ваучери

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk