ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Сообраќајот се одвива по суви коловози

September 11, 2020 08:20
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. АМСМ препорачува внимателно возење и прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 02.05.2020 до 15.11.2020 е отворен за сообраќај за сите видови возила со вкупна маса до 3.5 тони.

Виадукт Трејд известува дека на ден 07.09.2020, ќе се започне со изведување на градежни активности при санација на свлечиште на регионален пат Р1202, делница Жировница – Бошков Мост (с. Скудруње), за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, во времетраење од 30 (триесет) дена.

Од 21.08.2020 година, ГД Гранит АД Скопје ќе изведува рехабилитација и реконструкција на регионален пат Р1205, делница Крупиште – Пробиштип. Поради тоа ќе се изврши измена на режимот на сообраќај, од крстосница со регионален пат Р2230, до влез во Пробиштип. Односно сообраќајот ќе се пренасочува од мостот на р.Киселица кај клучка за с. Злетово, преку с. Ратавица до Пробиштип и обратно. Од особена важност е ова преносочување да го почитуваат возачите на тешки товарни возила кои транзитираат по овој пат. Одобрението е со важност од шест месеци, односно до комплетирање на сите работи.

Поради изведување градежни работи (асфалтирање) од 19.08.2020 на регионален пат Р-2344 на делница Голозинци – Лисиче – раскрсница Дреново со Горно Врановци, во наредните 40 дена секој работен ден освен недела во период од 10 – 15 часот ќе има забрана за сообраќај за сите видови возила. Работите ќе се одвиваат до 01.10.2020 год.

ЈП Македонија Пат подружница Скопје почнувајќи од 14.08.2020 год. ќе изведува градежни работи на пат (асфалтирање) на регионален пат Р-2238 с. Галичник – Маврово. Асфалтирањето ќе се одвива во правец од с. Галичник кон Маврово. Работите ќе се одвиваат секој работен ден и за време на викенди во период од 10:00 – 16:00 часот кога сообраќајот ке биде во прекин. На место на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Заради извршување на санациско градежни работи од 28.07.2020 год, на патниот правец Неготино – Лакавица има забрана за движење на тешки товарни возила чија вкупна маса надминува 3,5 тона. Се препорачува почитување на патната сигнализација за сите учесници во сообраќајот на овој патен правец.

На регионалниот пат Р-1107 Ново Лагово – Витолиште поради работи на пат (асфалтирање) сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента, за што e поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Овој режим на сообраќај ќе биде до завршување на работите.

ГД ГРАНИТ АД СКОПЈЕ – Известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време на реконструкција и рехабилитација на државен пат А2, делница Крива Паланка – ГП Деве Баир во период од 11.05.2020 год. до 02.2022 год. со основниот проект за изведба се предвидува стругање и асфалтирање на постоечкиот коловоз како и проширување т.е изработка на трета лента на постоечкиот пат.

Во текот на работното време регулирањето ке се изведува со работници, а по завршувањето на работното време, регулирањето ќе се врши со светлосна сигнализација – семафори (од Крива Паланка кон Граничен премин Деве Баир).

Жикол ДООЕЛ – Струмица известува дека согласно одобрението од Министерство за транспорт и врски од 19.06.2020 г. ќе започне со градежни активности за поврзување на коловозот со нов мост на р. Пчиња на државниот пат Р2136, делница Ржаничино – Долно Коњари. Согласно основниот проект за времен режим се предвидува намалување на брзината и наизменично пропуштање на возилата во зоната на градилиштето (во населено место Долно Коњари) за време на градежните активности. Се работи од 07:00 до 17:00 часот, а потоа за во ноќни услови предвидено е ослободување на коловозната површина. Времениот режим ќе трае не подолго од три месеци сметано од 19.06.2020 г.

Виадукт трејд известува дека на ден 25.05.2020 ќе се започне со изведување на градежни активности при рехабилитација на дел од Државен пат А2 – потег од БС Виена Петрол/Куманово до с. Страцин, во должина од 16 км, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај,во времетраење од шест до девет месеци.

Викториа Инвест ДОО Елбасан Подружница Скопје изведува градежни работи на автопат Кичево – Охрид, делница 4 и 5. На делница 5 Подмоље – Охрид км.5+861 до км.9+835 ќе има измена на режим на сообраќај соодветно обележано со сообраќајни знаци. Измената започнува на 20.03.2020 год. и ќе трае до завршување на работите поради кои е утврдена потребата од измената.

Штрабаг АГ известува дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип – Радовиш. Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Г. П. Илинден – Струга известува дека поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с. Подмоље – Струга има времен режим на сообраќајот. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

June 20, 2025
Фото:  МИА

Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

June 20, 2025

Рокас порача дека ЕП е независна институција во ЕУ со свои правила и затоа не може да коментира за извештајот на Вајц

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската политичка сцена во Македонија се престројува пред изборите – нови сојузи, стари ривалства

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk