ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Дескоска: Објавувањето на веста за синот на Жан Митрев е груба повреда на правото на приватност на таткото

September 12, 2020 16:30
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Ослободена од товарот на министерската функција, сега кога искажаните ставови се само мои и кога можам да зборувам и пишувам само во свое име, чувствувам потреба да се осврнам на последните написи за познат сопственик на клиника и неговиот син кој се соочува со судски процес во Германија, соти во Фејсбук објавата на поранешната министерка за правда Рената Дескоска по повод вчерашната објава дека на синот на д-р Жан Митрев му се суди во  Франкфурт за тероризам.

Веста одекна како “бомба” во јавноста, ги шокираше читателите, ја заинтересира публиката. Но, во исто време објавувањето на веста значи груба повреда на правото на приватност на таткото.

„Свесна сум дека за малограѓанската јавност чии “ниски страсти” се распалени моето пишување нема да е прифатливо и од нив одобрено. Свесна сум дека и реномирани медиуми ја објавија веста и токму затоа уште повеќе сум убедена дека треба да се потсетиме на човековите права кои ни се загарантирани со уставот и со Европската конвенција за човекови права, треба да го шириме “учењето за човековите права” за тие да се почитуваат и заштитуваат на највиско можно ниво.

Кај нас правото на приватност беше актуелизирано кога се објавуваа прислушкувани материјали за што има пракса во Стразбур која вели дека снимени телефонски разговори меѓу високи функционери не се приватни по својата природа, туку оценката дали се приватни или не зависи од контекстот и содржината на разговорите. После таа дебата, како да замре јавниот интерес за правото на приватност, што очигледно остава тешки последици по животите на поединци кај нас.

Европската конвенција за човекови права во членот 8 го регулира правото на приватност, кое претставува едно од најкомплексните права, бидејќи опфаќа многу аспекти кои уживаат заштита. Судот во Стразбур има развиено богата пракса преку која се гради сликата за тоа што преставува приватноста. Од тие случаи се добива впечаток дека ова право е налик на виножиото, со спектар на бои и нијанси, кои се вклопени меѓу себе, се прелеваат, но и навлегуваат и се надѕираат во другите права надвор од членот 8. Тоа “мешање” на членот 8 и правото на приватност е особено видливо во однос на членот 10 од Европската конвенција кој ја регулира слободата на изразување.

Европскиот суд за човекови права во Стразбур смета дека постои зона на приватност на која секој има право, па дури и оние кои своите животи ги живеат изложени на очите на јавноста. Со тоа, објавување на информации кои се однесуваат на лични работи може да претставува непочитување на приватниот живот.

Сепак Судот во Стразбур нагласил дека јавноста има право да биде информирана дури и за аспекти на личните животи на јавните личности, но тие приватни аспекти треба да бидат во врска со јавната функција за да се оправда нивното откривање. При оценувањето на таа врска и оправдувањето на објавувањето на информациите се води сметка за: влијанието кое може да го има тоа објавување; јавното знаење за информациите ако тие се веќе откриени на друг начин и степенот на повреда на личните чувства на семејството или на засегнатите поединци.

Значи, прво, Судот во Стразбур прави разлика меѓу јавни и приватни лица. Јавни лица се несомнено политичари, функциониери додека вршат јавна функција. Кога ќе ја напуштат функцијата тие според Судот во Стразбур треба да бидат заштитени од интрузивен медиумски интерес за нивниот приватен живот. Во случајот Тамер против Естонија Судот оценил дека сопругата на висок политичар кој ја напуштил функцијата пред 6 месеци, која била позната речиси на сите во Естонија и која имала намера да објави мемоари, требала да добие заштита како приватно лице и дека објавувањето на приватни детали од нејзиниот живот не е во јавен интерес. Значи, тоа што некој е познат во јавноста, не го прави автоматски јавна личност за која постои поголема толеранција во “упадот” во приватноста.
Во конкретниот случај кој ја бранува македонската јавност, според критериумите на Стразбур, сопственикот на клиниката не е јавна личност, туку #приватно #лице кое треба да ужива поголема заштита на својата приватност.

Следното прашање е околу постоењето на јавен интерес за објавување на информацијата. Несомен е јавниот интерес дека наш државјанин се соочува со судски процес заради тероризам во Германија. Но, #не #постои никаков #јавен #интерес во објавувањето на #името на неговиот #татко, за кој не постои никакво сомневање дека истиот не е поврзан или вмешан во делото за кое се товари синот.

Дека целта е сензационализам, будење на ниски страсти, воајеризам и слично, а не јавен интерес се гледа и од насловите во кои акцентот е ставен на таткото преку формулациите “Синот на ……….. обвинет за тероризам”. Ваквото информирање како да има за цел #повреда на #репутацијата на таткото, а не информирање за лицето кое се соочува со судски процес. И од таму несомнено е дека со ваквиот начин на информирање сериозно се повредуваат личните чувства на таткото и неговата приватност.

Во овој случај повеќе од јасно е дека доколку таткото покрене постапка за нарушување на приватноста истата ќе ја добие. Но, често пати “спружувањето на насловни страни” не завршува со судски епилог, бидејќи жртвите се до толку повредени што судските постапки им наликуваат како “долевање сол на раната” и не ги ни почнуваат. Но затоа на слободарската јавност, на професионалното новинарство останува обврската да потсетуваат на правилата на Европската конвенција и на новинарската етика“, пишува Дескоска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Трамп: Индија и Пакистан се согласија за целосен прекин на огнот по разговорите со посредство на САД

May 10, 2025
Фото: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Денот на Европа одбележан во Скопје со едукативно-забавен настан „Европа низ детските очи“

May 10, 2025

Костова за Фронтлајн: Функциите се минливи, важни се вредностите за кои се бориме

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk