Единствениот осомничен за суровото убиство на жена пред два дена, попладнево е спроведен во затворот КПУ Скопје во Шутка. На Бајрам И. (67) од Гостивар, судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар му определи мерка притвор во траење од 30 дена, објави Телма.
Тој се соочи со кривична пријава за убиство.
По осомничениот Бајрам И. полицијата трагаше повеќе од триесет часа и вчера попладне го обезбеди во акција на локален пат помеѓу гостиварските села Страјане и Трново.
По лишувањето од слобода, тој беше задржан во полициска станица Гостивар, каде по сослушувањето, денес беше изведен пред судија на претходна постапка со кривична пријава за убиство.