Да, ова е Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ бара апанажа за учество во техничка Влада. Човекот кој од прв ден ги лажеше земјоделците, се закануваше на вработените дека кога ќе дојдат на власт ќе ги брка од работа. А он ти бил само љубител на народни пари, привилегии и функција, напиша поранешниот министер за земјоделство, Трајан Димковски на својот фејсбук профил.
Инаку во јануари оваа година, со личен снимател тогашниот дополнителен заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ проверувал дали сите вработени во подрачната единица на министерството во Берово се на работните места.
Вакви снимања во минатото спроведуваше и експремиерот Никола Груевски кој заедно со снимател, фотограф и озвучен со микрофони проверуваше до каде е изведбата на градежни работи.
Од видео-материјалот се гледа како упаѓа во канцеларии, а се соочува и со реакции поради тоа што без дозвола ги снима вработените.
„Се работи? Плачат земјоделциве нешто. Велат односов на подрачнава, нешто од високо…“, почнува да објаснува Трипуновски, на што вработениот реагира „А снимањето, вака што упаѓате?“, на што замник-министерот одговара „Снимањето јас го нарачав, тој ми е човек со мој. Ова се службени простории, јас сум дополнителен заменик-министер“.
Синдикатот на УПОЗ го осуди однесување на дополнителниот заменик-министер Трипуновски.
Д.Е.