ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ вечер во Скопје

September 14, 2020 10:44
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ ќе биде отворен вечерва во 19.30 часот во „Куршумли ан“ во Скопје. Фестивалот ќе трае до 17 септември, а гости ќе бидат домашни но и врвни автори од регионот.

На првата фестивалска вечер ќе се претстават тројца од нашите гости. Со македонската публика ќе се сретне Мухарем Баздуљ, Углеша Шајтинац, Калина Малеска и со Дамир Каракаш, кој ќе учествува со видеомонолог. Баздуљ писател, новинар и преведувач и еден од најчитаните во регионот.

Неговите 20-тина книги се преведени на повеќе странски јазици, а ги има добиено голем дел од значајните новинарски награди во БиХ и во Србија.

Српскиот автор Угљеша Шајтинац е наградуван драматург и писател, добитник на Европската награда за литература за романот „Сосема скромни дарови“.

На првата вечер, како што најавија организаторите, ќе биде претставeно делото и на нашата писателка Калина Малеска, професорка по англиска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Нејзини раскази се преведени на неколку јазици и објавени во списанија во земјата и во странство, а учествувала и на повеќе македонски и меѓународни книжевни фестивали.

-Во продолжение ќе следува креативно и луцидно видеоизлагање на хрватскиот писател Дамир Каракаш, автор на пет романи, три збирки раскази, патопис и две претстави за неговите книги и светот во којшто моментално живееме. Некои од неговите книги имаат култен статус кај читателите. Според неговата збирка раскази „Кино Лика“ снимен е филм што освои бројни награди на реномирани филмски фестивали, соопштија организаторите.

Првата вечер, како што посочуваат, ќе биде промовирана и „Срчки“, новата книга на Бранислав Николов (Пијан Славеј), а на промоцијата ќе настапат авторот и басистот Гоце Јованоски.

На 15 септември во 13 часот во Europe House ќе се одржи тркалезна маса на тема „Литература и криза: почетна точка за нови противотрови“ на која ќе учествуваат гостите-писатели и членовите на „Скопје fellowship“ програмата. Поради ковид-протоколите, настанот е затворен за публика.

Според најавата, вечерта во 19.30 часот следува второто претставување на писателите и нивните дела. Маја Солар, авторка која се занимава со феминистички и филозофски теми, како и младата книжевна ѕвезда во регионот, Магдалена Блажевиќ (БиХ) и македонската писателка и книжевна теоретичарка Елизабета Баковска ќе разговараат со Александар Прокопиев, Ермис Лафазановски и Владимир Јанковски.

Музичарите Гоце Јованоски и Андреа Мирческа ќе изведат експериментална звучна импресија од филмот „Устав на Република Хрватска“ по сценарио на Анте Томиќ. Потоа ќе следи получасовен видеоразговор меѓу Миљенко Јерговиќ и Анте Томиќ, изработен специјално за публиката на фестивалот.

Фестивалот ќе биде затворен на 16 септември во Куршумли ан во 19.30 часот, кога ќе биде прочитан говорот на добитникот на наградата „Прозарт“, Исмаил Кадаре, а писателите-гости ќе читаат извадоци од своите дела.

Овој фестивал е во организација на издавачката куќа „Прозарт“, а е поддржан од Министерството за култура, ТРАДУКИ, Институтот „Јунус Емре“ од Скопје,Делегацијата на ЕУ, Град Скопје, амбасадата на Босна и Херцеговина и од Кинотеката.

Next Post

Скопје филм фестивал ќе ја одбележи стогодишнината од раѓањето на Славко Јаневски

Shortcut

Најново

Пит Хегсет (фото извор: Инстаграм профил на Пит Хегсет)

Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

September 17, 2026

Каква зима го очекува Западен Балкан во ера на климатските промени?

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Фото: Министерство за финансии

СДСМ тврди дека „дупката“ во ПИОМ достигнала 1 милијарда евра, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека Фондот е стабилен

September 17, 2026
Никола Спасов

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk