ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Контраспин: За Гоце Делечев ниту се преговарало, ниту ќе се преговара тајно

Не постои ниту еден сериозен аргумент или факт кој би укажал на тоа дека за историското значење на ликот на Гоце Делечев се водат или ќе се водат тајни преговори од страна на македонската влада со Софија. Оттука, спин е одржувањето на јавни протести и демонстрации да се оправдува со таков аргумент

September 14, 2020 15:58
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, одржа прес на кој зборуваше за причините за најавениот протест на партијата на 15.09.2020, при што во изјавата може да се забелележи спин:

Спин: Тој е дел од нашиот идентитет и црвена линија за нашето достоинство. Токму за него и за историски факти далеку од очите на јавноста преговара владата на Заев со нашиот источен сосед. Трговијата со неговото име и постоење значи трговија со нашето постоење и она што сме и ќе продолжиме да бидеме, тоа е Македонци. Во меѓувреме нема никакво поместување на патот кон Европската Унија. Европската Унија останува уште едно неостварено ветување на Зоран Заев и неговата власт. Не чувме идеја, ниту план…

[Извор: ВМРО-ДПМНЕ/Јутјуб – Мисајловски – датум: 14.09.2020]

Контраспин: Главната опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, може секој ден да закажува протести за кое било прашање, вклучувајќи ја и темата „одбрана на ликот и делото на Гоце Делчев“, а јавноста има право да оценува дали станува збор за реален проблем, заради кој ќе се протестира, или за спинувано прашање. Во случајот со најавата на протестот за одбрана на Гоце Делчев, ВМРО–ДПМНЕ спинува со фактите.

Спинот што го искажа Владо Мисајловски, потпретседател на партијата и пратеник, се состои во тврдењето дека за ликот на Гоце Делчев и за историските факти „далеку од очите на јавноста преговара владата на Заев“ со Бугарија, како и дека се води „трговија со неговото име и постоење“, што значи „трговија со она што сме и ќе продолжиме да бидеме, тоа е Македонци“.

Ова е целосно извртување на вистината, т.е. спин. Не постои ниту еден поткрепен аргумент, факт, полуфакт… кој би укажал на тоа дека за прашањето за Гоце Делчев „владата на Заев преговарала далеку од очите на јавноста“, па уште и дека се прави „трговија со неговото име и постоење“.

Проверката на ваквото тврдење доведува до следните факти:

Прашањето за Гоце Делчев е едно од прашањата на заедничката комисија на Скопје и Софија, формирана согласно Договорот за пријателство и соработка, која работи на расчистување на историските разлики за разни временски периоди и различни историски личности.

Оваа комисија, според општо познатите информации од двете страни, откако расчистила повеќе теми и личности во разни епохи, дојде до различни ставови за Гоце Делечев.

Комисијата не е неактивна. Тоа го потврди и претседателот на таа комисија Драги Ѓоргиев неодамна, а го потврди и потпретседателот на Владата и министер за евроинтеграции Никола Димитров во интервју за ТВ Сител, кој сумираше дека за две години, 2018 и 2019 г. комисијата се состанала 9 пати официјално, покрај другите неофицијални контакти и дека тоа, според европските искуства од вакви комисии, воопшто не е малку, ниту по бројот на средбите, ниту по бројот на веќе затворените прашања, по што комисијата излегува со препораки.

Улогата на Комисијата за историски и образовни прашања е да ги расчисти или барем да ги разјасни разбирањата за некои од личностите кои се заеднички важни за историјата на двете држави. Димитров, во интервјуто за Сител, за прашањето дали може да се преговара за Гоце Делечев, вели:

Факт е дека некои од хероите на минатото, како што е Гоце Делчев, се значајни за македонскиот и за бугарскиот народ. На историчарите е да видат, да го разгледуваат тоа прашање и да најдат начин, ако ништо друго барем да се научи наративот, перспективата на другиот. Тоа е идејата за формирањето на Комисијата за историски прашања. (од 9.44 минута во видеото).

Претседателот на македонскиот дел од Комисјата, д-р Драги Ѓоргиев, вели дека ако не се разговара, секогаш ќе историјата ќе биде проблем:

Ако отворено не разговараме за нашите несогласувања, за нашите и нивните ставови околу одредени настани и личности, сметам дека историјата секогаш ќе биде пречка меѓу двете држави. Притоа, исклучително е важно разговорите да продолжат да се одвиваат на рамноправна основа и тогаш ќе има и резултати.

Неодамна во интервју за јавниот сервис НТВ(МРТ), премиерот Зоран Заев изјави оти верува во тоа дека со Бугарија ќе се изнајде заеднички јазик и околу Гоце Делечев:

Решивме три поглавја, пет историски личности наназад, следи четвртото поглавје и шестата историска личност, Гоце Делчев. Договорот нè принудува да наоѓаме заеднички нешта што нè спојуваат …Има архиви и овде и во Бугарија, ќе седнеме, ќе најдеме, важна е историјата и таа треба да биде основа за иднината. Верувам дека во периодот кој претстои брзо ќе се најдат решенијата. Јас сум благодарен што бугарската страна имаше трпение поради изборите. Ја испраќам пораката дека сме подготвени веднаш да влеземе и низ поглавјето за Гоце Делчев да изградиме пријателство.

Но, како што може да се види и од изјавата и од контекстот, и Заев зборува за решение што би дошло од Комисијата за историски и образовни прашања, а не за некакви „преговори далеку од очите на јавноста“ или за „трговија со името и постоењето“ на Гоце Делчев.

Оттука, изјавите на Владо Мисајловски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, за причините за закажаниот протест на оваа партија за 15.09.2020, т.е. дека се преговарало тајно за Делчев, се извртување на вистината, т.е. спин.

пишува: Теофил Блажевски / ВИСТИНОМЕР

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk