ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

ОН не промовираат нов светски поредок со кој ќе ги одземат сите човекови права

September 14, 2020 16:14
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ тврди дека со проектот на Обединети нации 2021-2030 ќе се одземат сите човекови права, меѓу кои и правата на сопственост, како и дека корона вирусот е вовед во сето ова што се преставува како крајот на светот. Неколку од тврдењата се следниве:

„Една светска влада“

„Една светска централна банка“

„Една светска војска“

„Крај на националниот суверенитет“

„Крајот на приватната сопственост“

„Контрола на растот на населението“

„Повеќе задолжителни вакцини“

„Чипирање на општеството“

За да се зголеми уверливоста за овие тврдење, во самиот пост објавена е фотографија од документ на кој е прикажана листа од 25 човекови права кои Обединетите нации наводно ќе ги укинат. На фотографијата го има логото на ОН, а насловот вели „Нов светски поредок“. Пребарувајќи дали постои таков документ, „Вистиномер“ дојде до заклучокот дека објавата и документот се лажни.

Обединетите нации во изјава за повеќе медиуми и сервиси за проверка на факти, објаснуваат дека овој документ е целосно лажен.

Сите точки од листата се или целосно лажни или се испревртени, изјавил портпаролот на ОН за сервисот за проверка на факти на агенцијата АФП на 27 јуни 2020 година. Портпаролот на ОН, исто така, истакнал дека Агендата 21 и Агенда 2030 не се законски обврзувачки.

Пребарувањето по клучни зборови од Фејсбук објавата, во спомнатите документи од ОН не даваат никакви резултати со што јасно се гледа дека станува збор за измама. Исто така, важно е да се напомене дека ОН нема проект 2021-2030, како што се тврди во текстот, туку станува збор за две различни агенди усвоени на различни конференции.

Што е Агенда 21?

Агенда 21 се однесува на глобалните социјални и економски димензии; зачувување и управување со ресурси; зајакнување на улогата на жените, децата и работниците и предлага методи за имплементација.

Агенда 21 е усвоена од повеќе од 178 влади на конференцијата на Обединетите нации за животна средина и развој која се одржала во Рио де Жанеиро Бразил, од 3 до 14 јуни 1992 година.

Што е Агенда 2030?

Агендата 2030 за одржлив развој е резолуција усвоена од Генералното собрание на ОН во 2015 година, насочена кон постигнување на 17 цели во рок од 15 години, како, на пример, ставање крај на сиромаштијата, гладот, обезбедување здрав живот, инклузивно и квалитетно образование, постигнување родова еднаквост, како и акција за борба против климатските промени.

Оваа Фејсбук објава има над 300 споделувања, речиси стотина реакции и десетина коментари. Во коментарите се вели дека ОН е фашистичка организација и дека во следниот период не чека хорор и крај на светот.

извор: Вистиномер

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk