ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бајрактаров: Следува пандемија на ментални болести

September 16, 2020 16:49
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Isolation Quarantine Coronavirus Covid 19

Isolation Quarantine Coronavirus Covid 19

Share on FacebookShare on Twitter

Ковид-19 предизвика и една пандемија со менталното здравје. Тоа не е нешто непознато, тоа е познато уште од сите светски кризи и економски и војни, како и здравствени кризи, по кои следува епидемија на болести од менталното здравје. Ова денеска го истакна д-р Стојан Бајрактаров, директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија во Скопје, на панел-дискусијата за влијанието на пандемијата од Ковид-19 врз менталното здравје.

Вели дека во оваа криза се појавуваат психички проблеми во општата популација која условно се смета за нормална или психички здрава, но и кај лицата кои веќе имале одредени проблеми со менталното здравје.

-Ние посебно внимание обрнуваме на лицата со потешки психички растројства, кои се секако во поголем ризик од оваа криза од многу аспекти, вклучително и тоа дека тие имаат и онака проблеми со својата функционалност и егзистенција, поврзано и со сиромаштија а посебно во оваа криза, рече Бајрактаров.

Според него, Ковид-19 предизвика криза во целото општество и здравствените предизвици отидоа многу подалеку од она што е предизвикано од обична вирусна инфекција, додавајќи оти значителни последици имаме врз менталното здравје, како на поединецот, така и на популацијата.

-Се наоѓаме во средиштето на една т.н. „совршена бура“ од ризици за анксиозни и депресивни растројства. И модерното време и стил на живеење е многу ризичен и за анксиозни растројства и за сите што се помалку нервозни и познаваме многу луѓе за кои порано можеби сме мислеле дека се доста посмирени меѓутоа, гледаме дека оваа криза и кај нив предизвикува една состојба на вознемиреност, напнатост, на сите помалку ни е намалено расположението и сме опседнати со чувство на грижа и вознемиренсот што ќе се случи. Понекогаш имаме и песимистички очекувања за тоа што ќе се случува наредната година бидејќи секојдневно ни доаѓаат вести или информации што да очекуваме, кога ке заврши кризата, дека веќе предолго трае…, рече Бајрактаров.
Тој вели дека и самите мерки што беа препорачани и од локалните и од светските здравствени власти, предизвикуваат изолација, физичка дистанцираност, и другите мерки на заштита всушност, се мерки што се спротивно на она што психијатрите го советуваат и на цела општа популација и на оние со проблеми со менталното здравје.

-Ние велиме социјално дружење, социјални активности, зголемена физичка активност, но сите овие препораки се во спротивност и поради тоа резултираат со доста емотивни компоненти, прво и во секојдневниот живот, ако имаме таков стил на живеење, такви околности предизвикуваат тага, раздразливост, празнина, исцрпеност, кај многу од нас и пад на мотивација, проблеми со спиењето, губење на апетитот, вниманието, и сето тоа предизвикува и се елементи на зголемена анксиозност и елементи на намалено расположение. Би рекол дека ако се направи истражување ако е можо да се измери генералната емотивна состојба на населението ќе видиме дека имаме пад на расоложението, вели Бајрактаров.

 

Тој сето ова го наведува ако ризик не само за нашата афективна состојба, туку ризизк и за нашето ефикасно секојдневно функцинорање, што влијае на зголемена анксиозност и депресија.

-Во светот а и кај нас е се поочигледно и дека е се поголема и стапката на насилство, семејно насилство, што го гледаме секојдневно и во нашата работа. Од друга страна, овие ризик фактори, како финансиска несигурност, предизвикува освен депресија, и зачестена стапја на самоубиства. Тоа се уште кај нас не е случај, барем бројките кои ги добиваме не се такви да можеме да зборуваме дека имаме зголемена стапка на самоубиства, оценува Бајрактаров.

Подвлекува дека треба да се преземат разни превентивни активности, меѓу кои, ја спомена достапноста на психијатриски и психолошки усуги преку телефиски линии, како и преку видео врска.

-Во секојдневната работа имаме пораст на анксиозност и кај тинејџерите, сето ова не се нормални услови за пубертетско доба, како што треба да им минува адолесцентниот период на младите лица, тие се во период во кој им треба дружење, во кој имаат симпатии, и сето тоа треба да се измени со подготвеноста и на образовните и на здравствените институции како би можело да се организира најдобро наставата, вели тој.

Вели дека оваа криза може да се искористи и за подигање на свеста за менталното здравје, да се разбијат предрасудите дека не е срамно да се побара помош за своето ментално здравје и да не заборавиме да си помогнеме и на самите себе си, додавајќи оти треба да имаме на ум дека оваа криза е минлива и нема да трае вечно.

Панел дискусијата е дел од проектот „Акција за поддршка на менталното здравје“ финансиран од програмата Цивика Мобилитас.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Затвореници нападнале и сакале да обљубат 19-годишен струмичанец во охридскиот затвор

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Трамп објави крај на војната во Газа, пред посетата на Израел и Египет

October 13, 2025

Локални избори во Косово: „Српска листа“ ги освои сите десет српски општини; главните партии одат во втор круг

October 13, 2025

Фон дер Лајен в среда во Скопје, почнува тридневната турнеја низ Западен Балкан 

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk