Наставничка од основно училиште во Велес позитивна на Ковид 19 испрати во изолација уште 10 нејзини колеги, пренесе Сител.
Контактите им биле низ училишните ходници каде се среќавале на доаѓање и одење од работа.
-Зависи од епидемиолошката состојба, ако се смири можат да одат и други деца со физичко присуство, ако не ни се смири може и да ги затвориме училиштата. Мора да се прати редовно ситуацијата а тоа ќе зависи пак од однесувањето на луѓето. Во Франција затвориле 80 училишта а имаат 60 000. Во Србија има 9 милиони народ, логички се тие бројки. Ризикот се зголемува, ама се зголемува и со кино, свадби, групирања. Ако го намалиме тој ризик ќе бидеме покомотни со враќање на децата во школо, вели др. Александар Стојанов, директор на Центар за јавно здравје Скопје.