ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи – Дендиас: Северна Македонија се наоѓа пред значајна фаза во напредокот во интеграцијата во ЕУ

September 16, 2020 22:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во рамки на работната посета на Атина, оствари средба со неговиот грчки колега, Никос Дендиас, на којашто беше потенцирано дека Северна Македонија се наоѓа пред една значајна фаза во напредокот во интеграцијата во Европската Унија, која до крајот на оваа година се очекува да биде надградена со одржување на Меѓувладината конференција и формалното започнување на пристапните преговори со Унијата, за што Дендиас изрази уверување за несебична поддршка на тој процес.

– Сметам дека испраќаме убава порака со мојата прва средба како министер за надворешни работи овде во Атина, што е одраз на исклучително успешниот напредок на односите меѓу двете земји во изминатиот период. Справувањето со пандемијата КОВИД-19 покажа дека соработката меѓу соседите е апсолутно неопходна и претставува огромен бенефит за граѓаните во двете земји. Сакам да ве уверам дека добрососедските односи претставуваат еден од врвните приоритети на надворешната политика на новата Влада, и ние цврсто сме решени сериозно да се посветиме во насока на продлабочување билатерални односи меѓу Северна Македонија и Грција, не само со имплементација на преземените обврски, туку и со конкретни форми на соработка, водени од заедничката визија за стабилен и просперитетен регион, интегриран во ЕУ, истакна Османи.

Од Министерството за надворешни работи посочија дека за време на разговорот Османи ја потенцирал улогата на експертските комисии за билатералните односи, за кои изразил уверување дека ќе се обезбедат услови за нивна непречена работа и покрај предизвиците од пандемијата./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: ВОА

Kривична пријава за Љубомир Фрчкоски и уште три лица, според Фрчковски пријавата е срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

Дуковски: Казната е превисока, Судот не ги ценеше во доволна мера искреното каење и личноста на сторителот

May 13, 2025

Муцунски: Економската и трговската соработка во фокус на средбата со државниот секретар Хакан Јеврел

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk