Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со Росана Дуџак, резидентен координатор на ОН во Република Северна Македонија.
На состанокот, соопштија од МВР, била разгледана досегашната соработка меѓу МВР и агенциите на Обединетите нации во земјава и биле дадени предлози за идни активности од областа на борбата со организираниот криминал, миграцијата, родово базирано насилство како и активности за натамошна професионализација и унапредување на демократското полициско работење.
Спасовски и Дуџак на средбата изразиле уверување и подготвеност за продолжување на одличната соработка и координација во областите од заеднички интерес.