Лидерот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев денеска повторно покажа недолично однесување за функцијата којајаима, откако на прашање на новинар му одговори со „ај бркај работа“. Откако Апасиев се обиде да постави контра прашање, новинарот Фуркан Салиу со право реагираше дека тој е тука да одговара на прашања, не да поставувa, пренесува Локално.мк.
– Не може вие мене да ме прашувате, кој мислите дека сте вие? Ќе тепате, ќе убивате, па после…, вели Салиу на што Апасиев му даде краток одговор „Ај, бркај работа…“
Новинарот го праша и „дали го тепале многу како мал па се однесува вака“.