Реонот околу Универзалната сала во центарот на Скопје беше под блоката. Поппладнево полицијата добила дојава за бомба.
Од МВР за Телма велат дека граѓанин пријавил сомнителни предмети на тротоарот кон пазарчето Буњаковец, но по интервенцијата на полицијата констатирано е дека се работи за две оставени пазарски ваги и дека пријавата била лажна.
Во моментов состојбата е вратена во нормала.