Поранешниот дополнителен заменик министер за Земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кој во време на предизборната кампања жестоко ги бранеше интересите и барањата на земјоделците велејќи дека „не се бори за позиција и лични бенефити“, веднаш по завршување на кампањата поднел барање за апанажа во наредните 6 месеци.
На дополнителниот заменик министер Трипуновски му е одобрено да ужива државна плата уште пола година од напуштање на функцијата, односно до почетокот на 2021 година.
Д. Е.