ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Како ал Капоне за даноците: Јанкулоска со богато „портфолио“, заглави затвор за „она на М“ на избеганиот Груевски

September 18, 2020 16:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Кога се работи за Гордана Јанкуловска, поранешната министерка за внатрешни работи, личност од најтесниот круг на луѓе од доверба на Груевски, јавноста памети многу работи, за кои сè уште нема соодветна судска развршница или целосно расветлување на случаите.

Конечно, Врховниот суд ја потврди пресудата од 4 години затвор за Гордана Јанкулоска за случајот „Тенк“, или попознат во поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пошироката јавност како „она на М“.

Да почнеме од крајот, кумановските настани на 9 и 10 мај 2015, во кои загинаа 8 полицајци и 14 припадници на вооружената група, 37 припадници на безбедносните сили беа ранети, и беше причинета голема материјална штета на жителите и нивните домови. Јанкулоска тогаш беше принудена да поднесе оставка, заедно со шефот на тајната полиција Мијалков. Досега, за нивната инволвираност и за улогата на други актери  во оваа „мала војна“, се шпекулира многу, но без некаков правен епилог.

Неколку дена пред инцидентот во „Диво Насеље“, се случи протест на граѓаните предизвикан од објавените „бомби“ за Мартин Нешковски, на кој брутално реагираше полицијата, која тепаше и апсеше луѓе по улици, а влезе дури и да тепа студенти во библиотека. Одговорност за тоа, немаше.

Кога сме кај полицската бруталност и Мартин Нешковски, секако дека е незаборавна улогата на Јанкулоска и во овој случај. Навистина е тешко да се скрие убиство, како што вели самата Јанкулоска во уште една од објавените „бомби“, но за настанот на 6 мај 2011 одговараше само еден полицаец, а ниту еден од оние што се обидуваат да го скријат убиството, а ниту оние што знаеја а не преземаа ништо, како тогашната министерка за внатрешни работи, Јанкулоска.

Во богатото „портфолио“, се редат и „успесите“ на полето на справување со политичките неистомисленици. „Да ги сотреме“, ќе рече Јанкулоска за припадници на МВР кои симпатизери на Обединети за Македонија. „Лиле ќе лета од МТВ“, за новинарка од јавниот сервис.

Јанкулоска се истакна и во „десоросоизацијата“ која почна да ја спроведува нејзиниот шеф Груевски, за што Јанкулоска ги стави на располагање ресурсите на МВР. „Мрежата на НВО финансирани од Сорос безмалку се претвори во монопол, со својата финансиска доминација истиснувајќи ги од сцената невладините организации кои имаат ставови поинакви од нивните. Ваквото деструктивно дејствување наместо коректив на институциите, ги претвори во деструктивен елемент во општеството. Но, светот се менува, а нашето општество созрева“, ќе рече Јанкулоска своевремено во интервју за „Дневник“.

Се разбира, жестокото справување со политичките неистомисленици кулминираше за време на изборите. Од прислушуваните разговори кои ги објави во 2015 лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дознавме и дека за време на избори МВР функционира истовремено како штаб на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, каде на долниот спрат се примаат амбасадори и се работи државната работа, а на горниот – партиската, или, како што тоа најдобро го илустрираше самата Јанкулоска, „мвро-вмро“.  Од тие разговори, впечатливи се и податоците за испраќање на полицајци-насилници за справување со неистомислениците во Охрид, праќањето автобуси на опозицијата на технички прегледи, разните инспекции, пиштења вриштења на фирми, на секој што не се согласуваше со власта, или не сакаше да и плати рекет.

А ако влеземе во приказната на „тефтерчето“ на Гордана со плусчиња и минусчиња и нејзината улога како кадровик на ВМРО-ДПМНЕ, за нарачувањето пресуди, поставувањето функционери, бруталната злоупотреба на положбата и инситуциите, оваа сторија ќе нема крај.

Навистина, долга е листата на „успеси“ на Јанкулоска, за која може да се потрошат томови, а не само еден новинарски текст. Таа серија на успеси, завршува со овие 4 години затвор, за „она на м“ и исполнување на ќефот на најзиниот шеф. Мизерно и тажно. А дали и успесите кои ги набројавме ќе бидат исто така и соодветно валоризирани, „во согласност со Уставот и законите“, допрва ќе видиме. На потег се обвинителите и судовите.

Д. Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Киберпанк: Надежта е револуција“ – Настан што симулира опстанок во дистопија, инспириран од суровата реалност

May 9, 2025

Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

May 9, 2025

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk