ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Не постои закана кон Албанците во рекламниот спот на СДСМ, медиумот манипулирал

Верификацијата на информацијата е основна професионална одговорност на кој било медиум, бидејќи во таа форма ќе се докаже дека ја информирал јавноста точно и објективно. Доколку медиумот не го провери изворот и објави неточни информации, тогаш тој не обезбедил информации, туку манипулирал и клеветел.

September 18, 2020 14:39
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Оригинален наслов на написот: „Рекламниот спот на СДСМ е алузија на закана за Албанците„(Spoti reklamues i LSDM- së është aluzion kërcënimi për shqiptarët), рецензира: Фатбарда Цури за КриТинк.

Наслов кој манипулира со чувствата на јавноста

Манипулацијата со јавноста започнува уште од насловот, бидејќи пренесува информација дека „Рекламниот спот на СДСМ е алузија на закана за Албанците“. Ова е лага од многу причини:

Прво – медиумот пренесува позиција на едно лице и никаде не навел дека се работи за мислење, притоа претставувајќи го како новинарски напис. Заради ова, решивме да го третираме како новинарски напис.

Второ –  Медиумот никаде не ја пренесува целосната порака на рекламниот спот, но направил фотографија од неколку секундна секвенца од спотот од настанот на нападите во Диво насеље во Куманово. Медиумот го искористил концептот на манипулација опишан како „селективни факти“ во прирачникот Критинк и преку него се обидел да покаже факти што зборуваат во прилог на тврдењето, притоа игнорирајќи ги фактите што се против истото. Тоа значи дека медиумот, преку секвенцата од неколку секунди, се обидел да испрати порака дека „присуството на слики од кумановската населба Диво насеље претставува закана за Албанците од СДСМ“. Ова е погрешно.

„Рекламниот спот на СДСМ е навестување на закана за Албанците. Оваа филмска секвенца во скриншот, и некои други од полициските акции, е преземена од снимањето на Министерството за внатрешни работи од настаните во Куманово, што може да се поврзе и со настаните од полициската репресија од 90-тите во Бит-пазар, во Мала Речица, во Гостивар и секаде каде што подметнуваа упади на полицијата за да ја газат албанската политичка волја за еднакво достоинство ..! “, се вели, меѓу другото, во написот што го разгледуваме.

Трето – секвенцата од спотот е извадена од контекст, бидејќи рекламниот спот зборува за важноста на членството на нашата земја во НАТО и дека ако СДСМ дојде на власт, нема да има повеќе етнички и верски тензии и политички поделби. Во ниту еден момент во спотот на СДСМ не е пренесена порака преку која им се заканува на Албанците.

За да биде појасен спотот, ќе ја пренесеме во целост пораката од спотот:

Во каква држава сакаме да живееме? „Во изолирана држава каде што се поттикнуваа етнички и верски тензии и политички поделби или во пријателска држава што решава децениски прашања со соседите кои ја отворија вратата за членство во НАТО и ЕУ“, се вели во рекламниот спот.

Оттука, проценуваме дека медиумот ги прекршил начелата на новинарството, бидејќи намерно или од незнаење во обработената информација има потенцијал за поттикнување насилство и дискриминација по етничка основа. Тоа е санкционирано и со етичкиот новинарски кодекс.

„Новинарот нема намерно да создава или обработува информации што ги кршат човековите слободи и права, нема да користи говор на омраза и нема да поттикнува насилство или дискриминација по која било основа (национално, религиозно, расно, родово, социјална, јазична, политичка, сексуална ориентација…)“, се наведува во Кодексот на новинарите.

Поттикнувањето на говорот на омраза има за цел да го намали критичкото размислување со манипулирање со емоциите. Во прирачникот „Критичко размислување за граѓаните со медиумски вештини“ се проценува дека пораките со морални и емоционални искривувања обично се користат за проценка на социјалните и политичките случувања и обично се наоѓаат на социјалните мрежи.

За читателите: Информирањето не оди со селективни факти

Точната информација не е одговорност само на медиумите, туку и на граѓаните. Ова е затоа што како граѓани, имаме општествена одговорност да информираме и пренесуваме информации што се точни и се засноваат на проверени факти. Во нашиот случај, освен медиумот, ако и некој друг може условно да се нарече неодговорен, тоа се оние граѓаните кои поверувале во информацијата. Затоа, информирајте се од повеќе медиуми и обидете се сами да го проверите изворот на информацијата. Во овој случај, и ние и граѓаните мора да влеземе подлабоко и да ја видиме и слушнеме пораата од самиот рекламен спот во целина.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk