Светот во кој живееме се трансформираше со новонастанатата ситуација со коронавирус пандемијата и наметна светски трендови и економски движења на кои претходно не обрнувавме внимание, или ги земавме здраво за готово.
Тоалетна хартија стана многу „популарна“, продажбата на средства за дезинфекција на рацете нагло се зголеми, а заштитните маски за лице станаа додаток што мора да го имате. Неколку индустрии се појавија преку ноќ поради пандемијата КОВИД-19. Во меѓувреме, постојните индустрии кои ни помогнаа да се прилагодиме на нашата нова „Остани дома“ реалност, го доживуваа својот економски подем.
Компанијата „Invezz” од Велика Британија која се занимава со истражување и поддршка, ни открива на кои 11 индустрии ковид-кризата најпозитивно влијаела.
Книги
Многу луѓе во услови на живеење и работење со ковид-кризата, се свртеа кон алтернативните начини во оваа област, со цел да го окупираат своето време. Поради ова, продажбата на „онлајн” книги е зголемена за една третина за време на месеците кога имаше карантин. Домашното школување, исто така, предизвика зголемување на продажбата со книги за образование на деца, кои пораснале за 234% и го завземаат третото највисоко ниво.
Пазарот за кафе за домашна употреба
80% од кафулињата беа затворени во текот на изминатите месеци, со што се зголемија нарачките за дома, предизвикувајќи бум во продажбата на кафе за домашна употреба. На пример, во студијата се наведува дека во април 2020 година, компанијата Нестле го забележува својот најсилен квартален раст на продажбата (на кафе) во последните пет години. Како што е наведено и во извештајот, потрошувачката на кафе, исто така, се зголемува заради тоа што луѓето повеќе време поминуваа во своите домови и во такви услови просечно пијат скоро по 2,5 чаши кафе на ден.
Онлајн спортските игри и гејмингот
Пандемијата предизвика широка распространетост на игрите и “онлајн” спортовите, предизвикувајќи “сообраќајот” на игри, како целина, да порасне за 75% за време на пандемијата, стои во извештајот на “Invezz”.
Опремата за вежбање и теретаните за домашни услови
Многу од луѓето за време на пандемијата се насочија кон инвестирање во домашна опрема за вежбање и спортување. Следствено на тоа, “Invezz” истакнува дека некои од трговците на мало со опрема за вежбање преку продабжа по пат на интернет забележаа раст од 183%.
Исто така, со намаленото користење на услугите во јавниот транспорт, во догледна иднина, алтернативите како велосипеди и е-скутери, стануваат се популарни и со тоа расте пазарот на продажбата на велосипеди и е-скутери.
Луксузните маски за лице
Маските за лице во моментот го имаат главниот примат да ја симболизираат нашата нова реалност. Пазарната вредност на маските за лице за еднократна употреба според “Invezz” во моментов изнесува 74,90 милијарди американски долари. Ова истражување исто така наведува дека пазарот на маски за заштита на лице за еднократна употреба ќе порасне за 53% во периодот од 2020. до 2027.
Времето ќе покаже дали носењето маски за лице ќе биде секојдневие и по завршување на пандемијата со ковид или ќе биде “краткорочен тренд”. По епидемијата на САРС, азиските потрошувачи продолжија да носат маски, а бидејќи епидемијата на САРС претежно ја погоди Азија кај нив носењето маски стана реалност и после завршување на епидемијата.
Опремата за градини
За време на пандемијата предизвикана од ковид-19, се зголемија самостојните проекти односно, како популарни се покажаа опремувањето и изградбата на дополнителните делови од градината на иновативен начин, за кои пред пандемијата можеби и се немало време. Во извештајот на “Invezz” , продажбата на опрема за градинарство, растенија, семиња и сијалици за градина се зголемила за 48,2% на годишно ниво за време на првиот бран и карантинот, продажбата на боите и лакови за 47,1% а градежните материјали за 31,4%. Трговците на мало со градини објавуваат 25% зголемување на продажбата преку интернет од недела во недела.
Средствата за миење на раце
Како што растеше загриженоста од пандемијата, продажбата на средства за дезинфекција на рацете се зголеми за 255% во февруари 2020 година. Дополнително на ова е и дека не само физичките лица туку и деловните субјекти инвестираа во зголемени и засилени мерки за заштита и користење на средства за хигиена, вклучително и гелови за раце поставени низ работните места, со цел да ги заштитат своите вработени од инфекција.
Онлајн купување на намирници и зготвени јадења за носење
Онлајн купувањето на намирници и готовите зготвени јадења бележат пораст во услови кога голем дел од рестораните беа и се затворени. Во извештајот на “Invezz” се наведува дека овој пазар се предвидува да порасне за 17,78% во 2020 година. Над половина од потрошувачите изјавуваат дека почнале сами да готват. Доставата на намирници е зголемена, а потрошувачите потрошиле 558,4% повеќе во април 2020 година во споредба со април 2019 година. Смената кон домашно готвење се предвидува да ги промени навиките за купување намирници на подолг рок. 72% од потрошувачите во Истражувањето навеле дека и после пандемијата ќе направат поголеми обиди за здрава исхрана и дека ќе обрнат поголемо внимание да готват самите во домашни услови.
“Онлајн” пораките и видео конференциите
Бидејќи канцелариите се “преселија” на работа дома, имаше метеорски пораст на пораките и видео конференциите. “Invezz” потенцира дека Зумот премина од релативна нејасност во главна алатка за комуникација по избор на многу бизниси, влади, па дури и на кралското семејство во Велика Британија. Преземањата на овој софтвер достигнаа 2,13 милиони во март 2020 година (во споредба со 56.000 во јануари 2020 година).
Учесниците на “дневна средба” се искачија од 10 милиони во декември 2019 година на над 300 милиони во април 2020 година. Со тоа, се очекува дека приходите на „Зум“ ќе пораснат за 200%, а профитот за 300%.
Во оваа насока, тимовите на „Мајкрософт“ објавија нов дневен рекорд од 2,7 милијарди минути на состаноци во април, што е пораст од 200% во споредба со 900 милиони минути што ги забележа на 16 март.
Овој раст ќе продолжи, имајќи предвид дека многу луѓе сè уште работат од дома и во догледна иднина ќе биде така (а и многумина сакаат да продолжат и понатаму да работата од дома).
Забавните “онлајн” сервиси
Многу потрошувачи се свртеа кон видео, музика и “стриминг” игри. 39% слушаат повеќе музички “” стриминг” кутиите е зголемена за 39%, а паметните телевизори за 60%.
Домашниот туризам
Постојаната загриженост за безбедноста на патувањата во странство со големите ограничувања за патувања и затворање на границите, доведоа кон свртување кон “домашниот туризам”. Туризмот како сектор беше најпогоден на светско ниво и загубите во туризмот допрва ќе се пребројуваат. Ова е можност за свртување кон домашниот туризам и истражување на убавините во сопствената земја.
Иако дека е општо познато дека во сулови на криза за едни сектори има проблеми, предизвици па дури и затворање на бизниси, за други постои можност за дополнителна шанса и приход, и од студијата на “Invezz” подвлекуваат дека како што за одредени компании корона-кризата предизвикала колапс, за други компании и индустрии нуди можност и тие кои ќе бидат најснаодливи во постигнување на целта, ќе успеат. “Invezz” апострофира дека некои индустрии се нашле во право време на право место, а некои од нив поради пандемијата само ги забрзале своите активности.
Како заклучок, во истражувањето на “Invezz” се наведува дека загриженоста на јавноста за КОВИД-19 останува висока – 75% во август (во споредба со 72% во јуни). Загриженоста за вториот бран продолжува да преовладува и предизвикува несигурност и кај граѓаните и кај бизнисите. Меѓународните патувања ќе бидат спорадични, работата од дома ќе биде стандардна, а социјалното дистанцирање ќе ги ограничи јавните собири и бизнисите.
На крајот, само времето ќе ни каже кои трендови ќе бидат чудо за 2020 година и што во однесувањето на потрошувачите, значително ќе се промени. Нашиот свет поминува низ екстремни промени и ова нема да запре наскоро. Но, со таквата еволуција доаѓа и нова можност за секого.
Ј. Ѓ.