пишува ДЕНИС ЈАНКУЛОВСКИ
Од оние моите “измислени” случки
Пред извесно време одам на адреса по налог за Ковид тест ептен во комшии кај мене. Дедо на свои 90-тина години. Не е баш добар. Кон вратата до мене поминува човек на 70-тина. Вика за кај ХХ си? Да, одговарам. Ајде со мене, татко ми е. Не е добар ама се надевам ќе се извлече. Неговата сопруга, снајката исплашена. А и како не би била, тројцата се во ризична возраст.
Пред 10-тина дена добивам налог да одам на истата адреса, овојпат за брис за снаата. Отвара врата, прашувам како е?
– Имам температура, болки по цело тело.
– А дедото?
– Беше тешко, го однесовме во болница. Почина, не издржа.
– Лесна му земја, чувајте се максимално.
– Знам вели, ама се секирам и сопругот ми е во болница. Критично.
–
ајде, велам, ќе се извлече. Одмарајте, внимавајте, убав ден.
https://www.facebook.com/denis1971/posts/10218064551112983
Деновиве разбрав дека и сопругот починал. Се надевам дека снајка ќе ја видам некаде меѓу зградиве.
И ден денес, после неверојатни 7 месеци (а како изгледа и уште месеци ќе) ме убедуваат дека ова што го има го нема, дека сум во заблуда, измислица. Дека сите оние на кои сум им земал брисеви а биле во тешка состојба, во моја непосредна близина биле лажни, невистинити, може само настинати…….дека починатите кои сум ги запознал во една лоша и неубава ситуација немаат врска со вирусов. Дека јас и сите колеги личиме на шарлатани и дворски шутови во скафандери.
Прашајте ја снајка што мисли за тоа!!!!!!