Во последните 24 часа се направени 1.368 тестирања, а регистрирани се 178 нови случаи на Ковид-19.
Починати се 4 лица, двајца пациенти од Скопје (61 и 59г), пациент од Куманово (69г) и пациентка од Штип (70г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 71 оздравен пациент.
Досега во земјата се направени вкупно 175.465 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.735, бројката на оздравени пациенти е 13.863, на починати е 693, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.179.