ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Руски едиторијал од 2003 година, воскреснат во април 2020 година, искористен за манипулација дека немало разлика помеѓу САРС и Ковид 19

Пост во јавна група на Фејсбук со фотографија до која стои коментар, изразува сомнеж во корона вирусот Сарс-Ков 2, предизвикувачот на болеста Ковид-19, со што неупатени и неинформирани корисници можат да бидат доведени во заблуда дека е истиот вирус како и предизвикувачот на САРС од 2003 г.

September 21, 2020 14:17
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Пост во јавна група на Фејсбук со фотографија до која стои коментар, изразува сомнеж во корона вирусот Сарс-Ков 2, предизвикувачот на болеста Ковид-19, со што неупатени и неинформирани корисници можат да бидат доведени во заблуда дека е истиот вирус како и предизвикувачот на САРС од 2003 година, анализира Вистиномер.

Во постот, под фотографијата од насловната страница на „Северноуралски вести“, издание 24 од 2003 година, како пропратен коментар пишува:

Корона вирус во 2003??? Сега шо прајме

Станува збор за фотографија на насловната страница на локален, градски руски весник, „Северноуралски вести“, од која се гледа дека главниот едиторијал на 13 јуни 2003 г. бил посветен на тогашниот вирус САРС.

Со наднаслов „Жешката линија на академик Чучалин“ (руски пулмолог и член на Руската академија на науки д-р Александар Чучалин, кој и денеска е активен во борбата против коронавирусот) и наслов „Корона вирусот станува поагресивен“, во едиторијалот се обработува темата на ширење на вирусот и вестите во светот во последните два месеци – се мисли на април 2003-та, за тогашната појава на корона вирусот предизвикувач на САРС, како и за прехотходната појава на светски зголемен број пријавени случаи на воспаление на белите дробови помеѓу 1997 и 1999 година, при што се експлоатира хипотезата дека тие случаи биле претходница на САРС-от и дека станувало збор за ист предизвикувач.

Сето ова може да се разбере од претрага по интернет, од која ќе се види дека оваа фотографија со оваа насловница на локалнот руски весник, станала популарна во Русија во април 2020 година, првата недела од карантинот започнат тогаш во земјата и кога руските медиуми ја ископале насловницата од 2003 година, па дури за таа насловница и тој едиторијал имало специјална емисија на првиот канал на руската државна телевизија. За оваа интерсна популарност после 17 години, пишува сегашниот уредник на весникот Северноуралски вести, извесен Г. Каландинскиј, а тоа е објавено и на порталот Сев-Ур Инфо, како и на сајтот на градот Северноуралск на 20-ти април 2020 г. и оtтаму може да се разбере целата приказна со оваа насловна страница од 2003 година.

Таа фотографијата од насловната, сега, на 12-ти септември 2020 г. е закачена на постот што го рецензираме, при што е заокружена со црвено и годината кога е излезен едиторијалот, 2003 година. Тоа потенцирање, заедно со текстот во постот „Корона вирус во 2003??? Сега шо прајме“, го упатува читателот на заклучок дека вирусот корона постоел и во 2003 година и дека тука е нешто чудно. Ова оди на линија на теориите на заговор дека вирусот не е нов, дека можеби и не е толку опасен ако го имало во 2003 година и слично. Дека тоа е така, може да се види и од коментарот под постот, каде што на укажување од друг ФБ корисник, дека во 2003 година навистина постоел корона вирус предизвикувач на САРС, авторот на постот одговара:

Разлика помеѓу старата и 19 нема, тоа е факт на СЗО. Единствена разлика е „газдата“ денешен, Масоните и Илуминатите кои ги однесоа бизнисисте во Кина и одат на уништување на УСА и ЕУ…читај малку повеќе не е на одмет.

Постот е објавен на 12 септември и сѐ уште е вирален. Досега го имаат споделено 382 корисници на ФБ на своите профили. Само упатен читател кој што би напрвил претрага по интернет или информиран читател, кој се сеќава или знае за САРС од 2003 година, може да процени правилно. Сите останати може да бидат доведени во заблуда и поради тоа „Вистиномер“ го рецензираше овој пост, кој е со вистината фотграфија, но манипулативен текст на авторот.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk