ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ќе има повеќе даночни поволности и финансиска поддршка за бизнис-секторот

September 22, 2020 12:26
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во следниот четиригодишен период ќе се обезбедат повеќе даночни поволности и финансиска поддршка за компаниите, пишува во објава на фејсбук-профилот на Министерството за финансии. Најавени се повластени даночни стапки на ДДВ за повеќе сектори, зголемување на прагот за ДДВ обврзник, ослободување од данокот на добивка при реинвестирање, како и повисока финансиска поддршка за компаниите во следните четири години.

-Нашата задача е што побргу да се вратиме на  патот којшто ќе донесе солиден економски раст, достоинствени плати, создавање нови работни места и намалување на невработеноста, предвидлива даночна политика и генерално, европска иднина тука, за нашите граѓани, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во објавата.

Како што посочуваат од Министерството, за да се постигне ова, неопходна е силна поддршка на приватниот сектор, кој треба да се опорави од кризата и да биде носител на растот.

Предвидени се повеќе политики и мерки како 300 милиони евра финсиска поддршка за домашни и странски инвестиции, како и секоја година за 25 проценти повисока финансиска поддршка за компаниите.

Најавени се и повеќе даночни поволности за различни сектори, како намалување на персоналниот данок за доход за ИТ индустријата до 0 проценти во 2023, единствена стапка од 10 проценти ДДВ за сите ресторански услуги, ревидирање на стапките на ДДВ за суровините за домашните производители, намалување на стапката на ДДВ за земјоделските производители, намалување на стапката на ДДВ за суровините за извозно ориентираните компании и намалување на стапката на ДДВ од 18 проценти на 5 проценти за занаетчиски услуги. Исто така, предвидено е подигнување на прагот за ДДВ-обврзник од 2 на 3 милиони денари годишен промет од 2022 година.

Во објавата се наведува дека данокот на личен доход останува 10 проценти, но преку инклузивен процес на разговори се превидува да се воведе прогресија. Кај данокот на добивка од следната година се превидува ослободување при реинвестирање.

Најавено е и намалување на парафискалните давачки до 75 проценти во следните четири години.

-Целта е на долг рок е да се стремиме кон создавање побрз, поинклузивен и оддржлив економски раст, што ќе се базира на зајакнување на човечкиот капитал, иновации, зголемување на конкурентноста на економијата и подобрување на животниот стандрад на граѓаните во дигитализирана економија и пријателска во однос на животната средина, потенцира Бесими. 

Next Post

Битиќи – Петровиќ: Земјите од регионот делат исти предизвици, заеднички да ги надминеме и да станеме поконкурентни

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk