ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Голема акција за санкционирање на паркирани возила на кејот на Вардар од Холидеј ин до плоштад Македонија

September 23, 2020 13:43
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Инспекторатот на Град Скопје денеска, од рано наутро, спроведува акција за санкционирање непрописно паркирани возила на јавната површина на кејот „13 Ноември“, на потегот од хотелот „Холидеј ин“ до плоштадот „Македонија“. На овој потег се забележани поголем број несовесни возачи кои го злоупотребиле јавниот простор за да ги паркираат своите возила, иако на оваа локација паркирањето е забрането. Затекнатите прекршители се опоменати и им е изречена глоба. Досега се изречени 21 глоба, информираат од Град Скопје.

Во законски предвидениот рок од 7 дена прекршителите ќе треба да подигнат платен налог од Инспекторатот на Град Скопје и да извршат уплата од 50 евра, во денарска противвредност,  колку што изнесува глобата за овој прекршок. За овој тип прекршоци, глобата не може да биде заменета со општокорисна работа.

Во денешната акција е вклучена и пајак службата која ги подига возилата чии сопственици не се затекнати на местото.

Акцијата за санкционирање непрописно паркирани возила на кејот „13 Ноември“ се спроведува во соработка со Општина Центар и ќе трае континуирано, подолг временски период.

Градот Скопје апелира до граѓаните своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта во градот, да го почитуваат комуналниот ред и поставената сигнализација и да ги чуваат јавните површини. Целта е да се одржува редот и хигиената на јавниот простор и да се стави крај на ваквите грди слики низ градот.

Next Post

Засилени сообраќајни контроли во Штип: 50 казни за еден час

НАЈНОВО

Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Судијка трајно го блокира распоредувањето на Националната гарда во Портланд

November 8, 2025

Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК

November 8, 2025

ЛДП ќе бара поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk