ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Израел ги заострува, Нов Зеланд ги ублажува мерките против коронавирусот

September 24, 2020 11:32
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Израелската Влада денеска донесе одлука за заострување на мерките за контрола на коронавирусот, откако беше забележано алармантно зголемување на бројот на новозаразени.

Во Израел на 18 септември беше воведен втор карантин од почетокот на епидемијата, но во текот на изминатата недела дневниот број на нови инфекции достигна речиси 7.000 во земја со околу девет милиони жители, а вчера беа регистрирани 6.861 нови случаи на коронавирус, што е рекордно зголемување.

Новите мерки, кои стапуваат на сила утре, предвидуваат затворање на уште некои продавници и воведување нови ограничувања за патување, објавија израелските медиуми по владината седница што заврши доцна синоќа.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека експертите проценуваат дека земјата, доколку не се преземат итни и тешки чекори, може да дојде „на работ на бездната“.

Во Нов Зеланд пак, се ублажени одредени мерки против коронавирусот, откако се намали бројот на новозаразени лица, така што од полноќ маските повеќе не се задолжителни во јавниот превоз.

Обврската за носење маски во јавниот превоз останува на сила во Окланд, каде што е жариштето на неодамнешниот нов бран на заразата, како и во авионите низ целата земја, пренесува Би-Би-Си.

Во Нов Зеланд, кој се смета за добар пример за брз одговор на пандемијата на коронавирусот, животот се врати во нормала во најголем дел во јуни, но вирусот почна повторно да се шири во август, поради што беше воведен карантин во Окланд, а одредени ограничувања беа вратени во другите градови.

Во таа земја, од почетокот на епидемијата се потврдени 1.468 случаи на коронавирус, а 25 лица починаа. 

Next Post

НАСА го објави планот за испраќање на првата жена на Месечината

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk