ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МЖСПП: Постигнат Договор за издавање на градежната дозвола од општина Гостивар за санација на Русино

September 24, 2020 13:19
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот  за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска ги прими на консултативна средба претставниците на граѓанската иницијатива „Стоп Русино“ и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.

На средбата, како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, присуствуваа и претставници од Швајцарскиот секретаријат за економски прашања и од проектот за воспоставување на Интегриран регионален систем за управување со отпад во Полошкиот регион.

Оценувајќи дека постои недоволна и несоодветна информираност на населението за активностите за надминување на состојбите со Русино, министерот Нуредини нагласи дека целта и на населението и на општините и на МЖСПП е контролирано управување со отпадот, со што ќе се заштити здравјето на луѓето и животната средина.

Тој нагласи дека Владата и Министерството се целосно подготвени за воспоставување интегриран регионален систем за управување со отпад во Полошкиот регион и тоа како резултат на сериозна и напорна работа на многу експерти, стручни лица институции на локално и национално ниво со вложени големи финансиски средства. Во самиот процес, потенцира Нуредни, сме многу длабоко навлезени. Имено, како што нагласи, првата фаза е речиси целосно имплементрана и нејзино завршување е предуслов за почеток на втората фаза, ставање во функција на целиот регионален систем.

Првата фаза опфаќа подготовка на целокупната документација и преземање на интервентни мерки за која се обезбедени средства од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања. Не се реализирани само брзите мерки, со кои всушност и ќе се надмине моменталната состаојба со дивата депонија во Русино. Брзите мерки значат набавка на контејнери за сите општини од Полошкиот регион и санација на локацијата во Русино т.е. помош на општина Гостивар за справување со проблемот со кој се соочува на локацијата во Русино. Тоа опфаќа изградба на систем за третман на исцедокот односно изведба на канал, резервоар и пумпа што ќе го враќа исцедокот во депонија, куќарка за вработените, вага за мерење на возила и пат кој води кон нестандардната депонијата со поставување на ограда по должината на патот за да се спречи нелегално фрлање на отпад покрај патот), посочуваат од Министерството.

Овој дел делот од проектот со кој ќе санира состојбата со нестандардната депонија „Русино“ не може се уште да се реализира заради не издавање на согласност за инфраструктурен проект од страна на општина Гостивар, како би можело да се интервенира на локацијата и да се стави под контрола. наведуваат од Министерството и додаваат дека и во вакви услови постои опасност да се изгубат обезбедените средства наменети за помош при управувањето со нестандардната депонија „Русино“ и со тоа не само што не се решава проблемот, туку се отвараат нови проблеми за сите општини во регионот.

При тоа на средбата е нагласена суштинската важност на усвојување регионален план за управување со отпад во Полошкиот Регион кој веќе е одобрен од Министерството за животна средина и просторно планирање и кој се очекува да биде усвоен од советите на секоја од општините во регионот, вклучувајќи ја и Општина Гостивар што е предуслов за обезбедување на финансиски средства потребни за реализација на инвестициите планирани во втората фаза од проектот. Втората фаза  опфаќа изградба на стандардна депонија со постројка за третман на отпадот, изградба на претоварни станици, набавка на камиони за собирање и транспорт на отпадот, набавка на контејнери за селекција на отпадот и комплетно затварање на постоечките 74 диви депонии и сметишта  во регионот.

Присутните изразувајќи подготвеност за заедничко решавање на проблемот се согласија градоначалникот Таравари веднаш да ја потпише градежната дозвола за започнување на имплементацијата на брзите мерки за санација и подобрување на инфраструктурата во Русино и регионалниот план за управување со отпад во Полошкиот Регион, дополнет со план за изнаоѓање на нова локација во рок од пет години, да биде одобрен од сите општини во Регионот, информираат од Министерството.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

June 15, 2025

Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот ајатолах Али Хамнеи

June 15, 2025
„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Не ги убивајте уште еднаш нашите деца, порачаа родителите на загинатите во Кочани

June 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Протест пред МВР за убиството на кучето Феликс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk