По пауза од неколку месеци поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, Националната опера и балет вечер ќе одржи гала оперски концерт и балетска претстава на отворено, насловен како „Опера и балет под ѕвездите“.
Гала концертот ќе биде на платото пред НОБ со почеток во 21 часот, а ќе настапат солистите Сандра Митровска – сопран, Катерина Стојановска – сопран, Ѓорѓи Цуцковски – тенор и Владимир Саздовски – бас, во придружба на Оркестарот при Националната опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска.