ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Кривична пријава и суспензија за полицаецот од Битола кој нападна Ром, суспендиран уште еден полицаец

September 25, 2020 17:11
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, МОЗАИК
Share on FacebookShare on Twitter

Поведена е кривична пријава против еден полициски службеник, кој вчера брутално нападна Ром во Битола. Тој заедно со уште еден негов колега кој бил присутен за време на инцидентот ќе бидат суспендирани, објави попладнево министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Одделот за внатрешна контрола и криминалистички стандарди и професионални истраги во МВР, како што кажа Спасовски, до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против П.Г. полициски службеник вработен во СВР Битола поради основано сомнение дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење служба“ поради неоснована употреба на физичка сила врз Ј.Н. од Битола. За него е поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспензија од работното место. Против полицискиот службеник К.Г. кој бил присутен на местото на настанот и не презел никакви мерки за спречување на неоснованата употреба на физичка сила е поведена дициплинска постапка и е суспендиран од работното место.

– МВР осудува каков било вид на насилство, особено кога тоа го направил полициски службеник. Ниту еден ваков чин не може да се поправи. МВР вложува многу во менувањето на ликот на полицијата и полициските службеници. Нашата цел е полиција која ќе биде во служба на граѓаните и во функција на нивната поголема безбедност, рече Спасовски.

Тој посочи дека не станува збор за напад по било каква етничка основа, туку, додаде, има полициски службеници кои тоа го прават, а не смеат да го прават и ги злоупотребуваат службените овластувања.

– За мене е важно целосно да се расчисти случајот без разлика дали е нападнат Македонец, Албанец, Ром, Србин, Влав, Бошњак или кој било или е некој граѓанин кој случајно се наоѓа на територијата на Северна Македонија. Битно е во ниту еден момент да не се злоупотребуваат полициските овластувања, освен ако нема исполнетост на условите за примена на таквите полициски овластувања, потенцира Спасовски и додаде дека во соработка со невладините организации и експертската јавност ќе се обидат да го најдат најдоброто решение што ќе значи пречекорување на овластувањето визави заштитата на човековите права и слободи.

Тој го осуди и нападот на полициските службеници од страна на двокрадци во Велешко. Приведени се четири лица и се идентификувани 10 дополнителни лица кои учествувале во нападот, сите, како што рече Спасовски во одговор на прашање, се од ромска националност и се од Прилеп и ги нападнале полициските службеници со дрва камења и се што им се нашло при рака. Спасовски рече дека се вршат претреси и се преземаат дополнителни активности со цел да се расчисти случајот. Очекува и брза постапка од Обвинителството.

– Очигледно е дека зголеменото присуство на полицијата на терен и јасната порака дека влегуваме во пресметка со криминалот предизвикува реакции кај криминалците. Таков е и случајот со дрвокрадците кои вчера нападнаа петмина полициски службеници од кои еден е со серизни тешки телесни повреди и е во Клиничкиот центар во Скопје. Тој е контактибилен и го посетивме заедно со директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, но има фрактура на черепот и на коските на лицето, како и фрактура на подлактица, рече Спасовски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Шпанија: Препорачано целосно затворање на Мадрид поради Ковид-19

НАЈНОВО

„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

„Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш на ангелите во Скопје

September 16, 2025
фото: Министерство за европски прашања

Муртезани на ГАК во Брисел: Зајакнувајќи ја правната држава дома, Северна Македонија ја зајакнува и ЕУ

September 16, 2025
Фото:МИА

Кочани шест месеци подоцна – „Не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk