ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Уапсен претседателот на ветеранската организација на ОВК, Хисни Гуцати

September 25, 2020 15:01
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter
Полицијата на Меѓународната мисија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС го приведе претседателот на Организацијата на воени ветерани на ОВК Хисни Гуцати и се очекува да го спроведе во Хаг пред меѓународниот суд за воени злосторства во Косово, каде што е подигнато обвинение против него, јави дописникот на МИА од Приштина.

Гуцати е забележан како се изнесува со лисици на рацете од просториите на ОВВ-ОВК околу 13.30 часот.
Апсењето е извршено во рамките на денешната акција на ЕУЛЕКС во седиштето на ОВВ-ОВК, која започна околу 11.30 часот.
Засега нема официјална информација за причините за неговото приведување.
Веста за апсењето на Гуцати и неговото пренесување во Хаг преку објава на Фејсбук ја потврди секретарот на ОВВ-ОВК Фатон Клинаку.
Клинаку, по денешниот упад на полицијата на Меѓународната мисија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС во просториите на организацијата, изјави дека ЕУЛЕКС при упадот не покажал никаков документ кој му дава за право да врши претрес.
Тој ги нарече припадниците на ЕУЛЕКС „криминалци“ и порача дека, доколку бидат принудени, припадниците на некогашната ОВК ќе се борат против меѓународната организација, како што се бореле и против Југославија.
Во изминатите десетина дена во три наврати во ветеранската организација на ОВК маскирани лица донесоа бројни досиеја на Специјалниот суд, со класификувани податоци од истрагата против лицата осомничени за воени злосторства и со имињата и сведоштвата на лица испитувани од Специјалното обвинителство. Досиејата им беа врачени на истражителите на Судот чие седиште е во Хаг. 

 

Next Post

Преглед на вести во 15 часот: Ќе се спроведе попис во април 2021 година, четвртиот пакет мерки ќе биде објавен во недела, казна од 65.000 евра за рудникот САСА...

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk