ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Национализам: Прпелкање во калта и јадење политички помии (1 дел)

Тоа е Балканот. Простор каде што митовите, глупавите бајки и фактите се испреплетени. Балканот, каде што етничката омраза и шовинизмот ги креираат крволочни манијаци во националните академии на науките и уметностите, во политиката и институциите, на работните места, во училниците и универзитетските амфитеатри, во кафеаните и чајџилниците, на стадионите, па дури и во градинките...

September 27, 2020 11:31
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Не, не велам дека сите се партиски ангажирани ботови, кои работат за надомест од 9 до 15 илјади денари. Многумина се само заглупавени и затруени, тотално несвесни мултипликатори на црната пропаганда и национал-шовинизмот. Не смее да се занемари ни онаа гнила национал-шовинистичка толпа ментални насилници и простаци на кои најудобно им е прпелкањето во калта и јадењето политички помии што им ги сервираат недоучени, вулгарни и алчни кускулиња во политиката.

Без амбиции да ги опфатиме сите аспекти, треба да се забележи и тоа дека етнонационализмот опстана и по половина век живот според концептот „братство и единство“ на поранешната југословенска федерација што, патем, ја имавме во името на нашата држава до пред две години. Балканските народи ја негуваат етничката омраза уште од времето на распадот на двете најголеми империи кои го делеа Балканскиот Полуостров – Австроунгарската и Отоманската. И таа етничка омраза е длабоко всадена во сите пори на животот и во политиките што се водат во целиот регион.

Тоа е Балканот. Простор каде што митовите, глупавите бајки и фактите се испреплетени. Балканот, каде што етничката омраза и шовинизмот ги креираат крволочни манијаци во националните академии на науките и уметностите, во политиката и институциите, на работните места, во училниците и универзитетските амфитеатри, во кафеаните и чајџилниците, на стадионите, па дури и во градинките…

Социјалните мрежи се на опашката на целиот тој луд паралелен универзум, каде што секоја недоквакана будала може да ја искаже сета своја глупост и неписменост, а крволочноста на академиите и политичарите да ги преточат во сопствен завет со кој си го упропастуваат својот и животот на сите околу нив. И сонуваат некој да им даде капа и пушка за да го исполнат својот „завет“.

Најубаво им беше на режимските ѓубриња кога речиси немаше медиуми, а луѓето се плашеа дури и да шепотат, а не, пак, да зборуваат или пишуваат. Потоа настапи бавен пад на режимот, кој сѐ уште трае, благодарение на црните пари на криминалците во политиката, националистите и „разочараните“. И на нерешителноста и неспособноста, се разбира. Па така, сега имате „разочарани“ Шарени кои учествувале во револуцијата со мотиви кои ни оддалеку немале врска со барањата за слобода, правда и еднаквост, туку имале лични амбиции кои во ниеден момент не го исклучиле национал-шовинизмот. Сега веќе никој не му се плаши на режимот, а споменот на него буди гнев и решителност никогаш да не се дозволи тој да се повтори. Но тоа не е крај на приказната.

Интелектуалци, новинари, па и невладини фолиранти (израз од „Баба Зумбула“) на социјалните мрежи и во медиумите објавуваат „научно засновани факти“. Се објавуваат дури и фељтони за етничката композиција во земјава по Втората светска војна, „научни трудови“ кои своевремено се креираа за да се задоволат забеганите националистички политики на дел од тогашното федерално раководство. Други кропираат и монтираат фото и видео содржини од ситуации што се случиле во разни делови на светот и ги „лепат“ на мултиетнички средини кај нас. Која е целта? Не мора да се биде многу паметен да се заклучи дека целта е да се продлабочат стереотипите и предрасудите и да се предизвика етничка омраза и насилство.

Зошто? Некои од суета, некои од одмазда, некои од фрустрации проектирани во „големи“ квазиисториски и квазиполитички теми, а некои се, едноставно, дел од политичко-шпионското подземје. Се разбира, препознатливи се и тие што носат фрустрации од сопствениот изглед или импотенција во секој поглед.

Подготвени во националистичките, антиевропски и неофашистички штабови, според методологијата на путиновските „маскировки“, овие пораки, како змии се провлекуваат низ секојдневието на луѓето и стануваат дел од јавното мислење, стануваат „неспорни факти“. Ретко кој сериозно и исцрпно се работи на нивна деконструкција и разобличување. Уште помалку се гледаат обидите оваа пропаганда да се осуди од јавноста.

Заштитени со меѓусебното потценување и непознавање, секое етничко трло си гради митови за „големината“ на сопствената нација и „ништожноста“ на другите. И така, се создаваат и одржуваат во живот тие паралелни светови, со митови и лаги вткаени во секоја пора од животот…

(продолжува)


Извадок од вториот дел: Треба еднаш засекогаш да се запечати: Тие не се патриоти. Кај нив нема патриотизам, бидејќи криминалната банда знае само за национал-шовинизам и го употребува за да се одбрани од правдата.


Сите права се задржани. Тесктот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Киберпанк: Надежта е револуција“ – Настан што симулира опстанок во дистопија, инспириран од суровата реалност

May 9, 2025

Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

May 9, 2025

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk