ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи во Брисел на средби со Борел и Вархеи, клучни точки европското досие на С. Македонија

September 27, 2020 10:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи од утре е во дводневна работна посета на Брисел, каде ќе се сретне со високи претставници на европските институции.

Во рамките на посетата, како што соопшти МНР, Османи ќе оствари средба со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борељ, како и со потпретседателката на Европската комисија задолжена за демократија и демографија како и за конференција за иднината на Европа, Дубравка Шуица.

Во рамките на посетата, Османи ќе оствари средба и со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеи, а предвидени се средби и со високи официјални претставници на Европскиот парламент и европарламентарци, меѓу кои потпретседателката на Европскиот парламент, Клара Добрев, копретседавачот со Заедничкиот парламентарен комитет помеѓу ЕУ и МК, Андреас Шидер, известителот за Северна Македонија Илхан Кјучук, како и други влијателни европратеници.

Агендата на министерот Османи предвидува и средба со Мирослав Лајчак, посебен претставник на ЕУ за Западниот Балкан и дијалогот Белград – Приштина.

Клучна точка на разговорите ќе биде европското досие на Северна Македонија. Фокусот на Османи е до крајот на оваа година, овој процес да го доживее своето успешно заокружување во рамки на Германското претседавање со Советот на ЕУ, преку усвојување на преговарачката рамка која претставува водечки документ во пристапните преговори и одржувањето на Првата меѓувладина конференција која традиционално го означува почетокот на преговорите за секоја земја аспирант за членство.

Министерот Османи ќе ги претстави приоритетите на својата мандатна мисија, со посебен осврт кон добрососедските односи и придонесот кон регионот, при ште ќе ги реафирмира: силната проевропска програма на новата влада, продолжување на реформските процеси со ЕУ предзнак, особено во делот на владеење на правото, како и социо-економските мерки за справување со последиците од пандемијата, стои во соопштението.

Next Post

Во Африка над 1.44 милиони заразени со Ковид-19

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk