Шестгодишно дете од село Крушопек починало од струен удар, информира полицијата.
Детето во текот на вчерашниот ден околу 14:30 минути било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.