ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

Платформа за родова еднаквост: Абортусот е неопходна здравствна услуга и во време на пандемија

September 28, 2020 12:22
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Платформата за родова еднаквост бара Министерството за здравство да ги усвои медицинските протоколи за примена на медикаментозниот абортус, да осигури достапност на лековите за медикаментозен абортус подеднакво за болниците и гинеколошките ординации во примарната здравствена заштита, да овозможи континуиран и непречен пристап до услугите за безбеден абортус за време на пандемиската криза без разлика на видот на мерките за ограничување на движењето или на пристапот до здравствените установи кои би се донесувале во иднина со цел спречување на ширењето на КОВИД-19.

-Постојат научни и медицински докази дека со точно дадени информации за медикаментозен абортус, квалитетни таблети за абортус и ефективно лекарско следење и грижа, медикаментозниот абортус може безбедно да се изведе и во домашни услови во првите 12 недели од бременоста. Ваквата алтернатива за прекин на бременоста во време на актуелната пандемија ќе овозможи не само подобар пристап до безбеден абортус, туку и запазување на превентивните мерки, односно одржување физичка дистанца и намален контакт со здравствените установи, со што се намалува и ризикот од инфекција со КОВИД-19, се посочува во соопштението од Платформата за родова еднаквост.

Иако, според нив, со демократскиот закон за прекинување на бременоста, кој од минатата година ги штити здравјето и правата на жените, медикаментозниот абортус бил озаконет како алтернативна метода на хируршкиот абортус и во земјава, сè уште не се донесени клиничките упатства за негова примена ниту, пак, таблетите за медикаментозен абортус се достапни во аптеките и здравствените установи, поради што бараат тоа побрзо да се направи.

Здравствената криза предизвикана од пандемијата со КОВИД-19 за милиони жени го зголеми ризикот од сексуално насилство и недостапна контрацепција и им го ограничи пристапот до безбеден абортус. Затоа, по повод денешниот Светски ден за безбеден абортус организации од целиот свет се здружуваат со едно заедничко барање – веднаш да се обезбеди безбеден и легален абортус.

-Мерките на карантин придонесоа клиниките да се затворат или да работат со ограничени капацитети. Жените од земјите со рестриктивни закони за абортус не можеа да патуваат во соседните земји со либерални закони за да направат абортус бидејќи границите беа затворени додека, пак, пристапот во болнички услови беше ограничен со што за милиони жени прекинот на бременоста стана трка со пречки или невозможна мисија. Во итните напори да се справат со пандемијата, владите заборавија на абортусот како есенцијална здравствена услуга. Во голем број на земји пандемијата беше изговор за докторите да не го нудат абортусот, опишувајќи го како „неесенцијален“, „неитен“ или „рутински“, се вели во соопштението од Платформата за родова еднаквост.

Науката, посочуваат од Платформата за родова еднаквост, сè уште нема одговор како понатаму ќе се шири пандемијата со КОВИД-19 и какви ќе бидат последиците. Без разлика на текот на пандемијата во иднина, владите во светот мора да им го олеснат пристапот до безбеден абортус на сите оние девојки и жени на кои им е потребен и мора да го признаат абортусот како есенцијална здравствена услуга доколку сакаат да ги унапредат репродуктивното здравје и репродуктивната слобода на жените.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн

Дурмиши: Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи

June 14, 2025
AP Photo/Ali Mahmoud File

Израелски напади во Газа, најмалку 16 убиени

June 14, 2025

Судирот меѓу Иран и Израел не води кон регионална, туку кон глобална војна, истакна Туск

June 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија поведе против Молдавија во Дејвис купот, Мицов го донесе првиот поен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ракетни напади на Иран ги тресат зградите во Израел, има повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk