Воспитувачка од градинката „Коца Василева“ во Битола позитивна на КОВИД-19 испрати во изолација 13 деца од нејзината група и една негувателка, пренесеува Телма.
Овој случај не се поврзува со претходно заболената вработена од истата градинката, затоа што воспитувачката се заразила надвор од работното место, од нејзиниот сопруг.
Taa од четвртокот е во самоизолација веднаш откако добила информација дека сопругот имал контакт со заболен. Тестирањето во саботата потврдило дека двајацта се позитивни на вирусот.
Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје одлучиле сите деца од незјината група и негувателката да одат во изолација.