ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Заев: Ако финансиската поддршка не стигне до работниците, ќе следат кривични пријави

Тој истакна дека се обезбедуваат 250.000 плати за три месеци или 83 илјади плати месечно за октомври, ноември и декември.

September 28, 2020 20:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев вечерва предупреди дека доколку финансиската поддршка не стигне до работниците, компаниите ќе добијат кривични пријави.

– Апелирам да не се повторат пропустите од претходниот период и работодавачите да ги почитуваат мерките и целта која сакаме да ја постигнеме. Освен тоа го стимулираме и враќањето на отпуштените работници и ако некоја компанија го направи тоа, ќе се стекне со правото да аплицира за оваа мерка, и јас ги повикувам да го направат тоа, истакна премиерот во интервју за ТВ Канал 5.

Во врска со најавата за субвенционирање на работни места врз етничка основа, тој истакна дека тоа е противуставно.

Тој го образложи механизмот на скалесто одредување на висината на финансиската поддршка за плати во стопанството, во зависност од висината на штетите во работењето од последиците од Ковид-19, како новина во четвртиот пакет мерки кој ќе опфати 83.000 вработени

– Нашите мерки за помош на граѓаните и економијата се прецизни и таргетирани, ова е храбар исчекор да пуштиме половина милијарда евра во стопаството, истакна претседателот на Владата.

Тој истакна дека се обезбедуваат 250.000 плати за три месеци или 83 илјади плати месечно за октомври, ноември и декември.

– Има прогресивен аспект на помагање за плати, за фирмите чиј приход се намалил до 40 проценти, помошта е 14.500 денари за работник, а ако приходот паднал за 80 отсто, добиваат 21.770, односно минимална бруто плата, рече Заев, додавајќи оти не се сите исто погодени и мора да помагаме поправично.

Премиерот нагласи дека сите земји земаат кредити за да го помагаат стопанството зашто ниту една земја не е толку силна за да обезбеди самостојно толку многу финансиски средства за да се справи со оваа глобална криза и затоа, како што рече, успеавме да обезбедиме доволно поволни заеми и финансиски средства за да ги поддржиме сите пакети од економски мерки за справување со последиците од пандемијата со КОВИД-19.

– Лидерот на опозицијата Мицкоски без аргументи ги осудува економските мерки за поддршка на граѓаните и на стопанството во услови на една ваква криза. Секој го препознава како неаргументиран и недоличен таквиот нападот на мерките кои опфаќаат огромен број граѓани и компании. Сите мерки, вклучувајќи го и последниот четвртиот, во својот фокус ги имаа граѓаните од различни категории, како мерки инвестиции се во човечкиот капитал, во компаниите, дополни  Заев.

Тој објасни дека земјата е во одлична финансиска состојба со перформанси кои ја обезбедија висината на финансиски средства за поддршка на економските мерки./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонскиот оркестар „Фејмс“ дел од спектаклот за најавата на „Дизниленд Абу Даби“

May 14, 2025

Жерар Депардје прогласен за виновен за сексуален напад на снимање филм

May 14, 2025
Handy Wicaksono / Unsplash

Белгија: Поштарот во борбата против осаменост и депресија кај старите лица

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилно нестабилна Влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk