ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Стабилно нестабилна Влада

May 13, 2025 16:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ

Ниту една политичка партија не напушта влада која е успешна. Никаде и никогаш. Напротив, се заминува тогаш кога таа влада нема резултати. Или најчесто, кога има, но катастрофални.

Така е (дури) и кај нас.

Арбен Таравари вчера соопшти дека органите и телата на Алијанса за Албанците едногласно одлучиле да си заминат од Владата.

Да се потсетиме. Тоа не е било кој политичар, туку клучната фигура со чија кандидатура на последните претседателски избори дојде до целосен пресврт во албанскиот политички кампус, што повлече одлучувачки импликации и врз целокупниот.

Владата на Мицкоски ја напушти не било која партија, тука главниот senior partner. А тоа кажува многу, да не речам се’.

Таравари потенцира дека одлучиле да излезат од Владата за да се вратат кај народот. Сурово и прецизно опишана реалност, бидејќи оваа влада по само неколку месеци од својот мандат “успеа” да се отуѓи од граѓаните, од оние кои и’ дадоа огромна доверба, кои веруваа во неа.

По само неколку месеци, стана јасно дека оваа политичка гарнитура ги погази сите, ама буквално сите предизборни ветувања. Наместо да ги направи ГОРДИ граѓаните, ги понижи, нарекувајќи ја Македонија “нашата земја”. А друго се ветуваше, зарем не?

Ги понижува секојдневно со веќе неподносливата економска состојба, во која слободно дивеат цените на основните прехранбени производи, не презимајќи никакви мерки за да ги стабилизира цените.

Во право е професорот Узунов кога вели дека Македонија ја живее најлошата економска состојба во последниве децении.

Сведоци сме на девастирана бизнис клима, во која 9 месеци нема враќање на ДДВ и плаќање на обврски кон стопанството

Што да кажеме за дезориентираната надворешна политика која, во очигледна немоќ, се претвори во туристичка дипломатија. Повторно станавме изолирана држава, никој веќе не ни доаѓа во посета.

Сведоци сме на афери на актуелни министри и директори кои веќе не можат ни да се набројат, се’ збогатено со безброј примери на непотизам, за кои веќе нема ни деманти.

Едно нешто требаше да знае Мицкоски, а тоа е дека што поголема доверба добиеш од граѓаните, толку е поголемо нивното разочарување кога ќе ги разочараш и излажеш.

Сега, по сето ова, тој останува со само еден крајно нестабилен junior partner, каде е прашање на време кога ќе излезат на површина внатрешните превирања.

Да заклучиме. Некогаш големото парламентарно мнозинство почна да се ситни. Тоа е процес кој ќе продолжи да трае и кој ќе донесе дополнителна нестабилност во функционирање на Владата. Оттаму, смело, се надевам не и арогантно, ќе си дозволам да прогнозирам три работи:

– Дополнителен број на пратеници од ВРЕДИ кои ќе преминат на другата страна.

– Поделба во пратеничката група на ЗНАМ.

– Следствено на сето ова, вонредни парламентарни избори, кои ќе се одржат заедно со локалните, но поверојатно идната пролет.


Текстот е личен став на Авторот
Tags: ВладаЖерновскиМицкоскиТаравари
Next Post

Прва полуфинална вечер на „Евровизија“

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk