ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бајден поубедлив од Трамп во дебата без јасен победник!

September 30, 2020 10:48
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, СВЕТ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Вечното прашање во американската современа политика – Дали телевизиските дебати на претседателските кандидати менуваат нешто суштинско во определбата на гласачите во САД на месец дена пред изборите? – се стави и ноќеска на проба во првиот од трите најавени предизборни ТВ-судири помеѓу Доналд Трамп и Џо Бајден. Традиционално, овие дебати имаат голема гледаност, па како што вели „чичко Гугл“,  првата, во 1960 година, помеѓу Никсон и Кенеди, ја гледале во живо 66 милиони Американци од тогашните 179 милиони тамошни жители; во 1980, на пример, телевизиското надмудрување на Картер и Реган во живо го следеле 80 милиони гледачи од 226 милиони жители; а првата дебата на минатите избори, во 2016, помеѓу Трамп и Хилари Клинтон ја следеле 84 милиони гледачи од тогашните 323 милиони Американци.

И во апсолутни и во релативни цифри, интересот за тоа врвно политичко шоу е огромен, особено кога на телевизиските, ќе се додадат и милионите гледачи (како мене) кои во целиот свет на интернет платформите се вклучиле во живиот пренос од Кливленд, во Охајо. (Патем, сум бил во Кливленд, своевремено важеше за најдепресивниот индустриски град во Америка, со најголем годишен просек на самоубиства… А за време на оваа 90 минутна дебата беше под вистинска полициска и разновидна протестирачка опсада.)

„Заспаниот Џо“ (како што подбивно го нарекува Трамп својот опонент Бајден) е 47 години во политиката, наспроти 47-те претседателски месеци на Доналд кои го променија светот: жестоката конфронтација е меѓу Бајденовото политичко искуство и неговиот човечки интегритет и емпатија; наспроти контроверзноста на Трамп и неговите неизбрусени политички инстинкти. На пример, колку за илустрација, ден пред дебатата, Бајден ја објави висината на неговиот платен федерален данок за 2019 година што изнесува близу 300.000 долари; наспроти Трамп кој, во 2016, годината кога стана претседател, и во 2017 (според податоците до кои пред два дена дошол „Њујорк Тајмс“, а кои Трамп веднаш ги прогласи за „фејк њуз“) платил по неверојатни – 750 долари! (За да се ослободи од данок, Трамп во годините пред тоа како трошок пријавувал дека, додека го водеше своето ТВ-шоу „Апрентис“, за одржување на фризурата трошел по 70.000 долари, а неговата ќерка Иванка дури 95.000 долари годишно! Но, според објавените финансиски податоци, во наредните четири години на Трамп му пристигнуваат шокантни 421 милион долари на име отплата на рати за кредитите, и кон странски банки, со кои се оптоварени неговите, главно, пропаднати бизниси, за кои никој жив не може да објасни од каде ќе ги плати… И така натаму.)

Самата дебата беше жестока, повремено хаотична, многу лична (дури и со патемни карактеризации за членови од семејствата), со бројни меѓусебни непријателски прекини и обвинувања за лажење, со иронични насмевки и потценувачки гестикулации, во долги пасажи со надвикувања и покрај обидот за „цврсто“ водство на разговорот од страна на водителот Крис Валас (прочуен водител на конзервативната телевизија Фокс Њуз, со 50 годишно новинарско искуство и диплома од Харвард). Бајден почесто се обраќаше директно на гледачите, додека Трамп беше понервозен, поагресивен и дефанзивен, дури и кон водителот Валас, кој често мораше да го подигне гласот и да влезе во полемика со него за да го „дисциплинира“ однесувањето на Трамп.

„Вие сте најлош претседател што кога било го имала Америка!“ (Бајден)… „Јас сум направил многу повеќе од тоа што вие кога било би го направиле!“ (Трамп)… Бајден во еден момент го нарече Трамп „кловн“; Трамп возвраќаше со сомневање за луцидноста на Бајден. Зборот „лажго“ беше најчесто употребуваниот синоќа.

Меѓутоа, на сите важни теми, вклучувајќи ги и оние за кризата со пандемијата, за меѓурасните односи и за економијата во САД, Бајден беше поубедлив. Тој имаше шанса да говори за своите визии, Трамп мораше да ги брани резултатите од своето четиригодишно владеење. А потоа обвинувања и контраобвинувања и меѓусебни навреди…

Но, парадоксално, сето тоа и не е многу важно. Точноста на фактите или рационалната убедливост во аргументацијата поретко одлучувале кој е победник во овие дебати – она што било поважно е кому повеќе му веруваат и со кого повеќе емотивно се поистоветуваат гледачите-гласачи, а за тоа решаваат не само познавањата на темите, туку гримасите, упадиците, хуморот, безобразлукот, сигурноста во настапот, ставата, говорот на телото…

Дебатата беше мачна за гледање и ја отслика длабоката, отровна политичка поделеност во денешните САД, во кои позициите на поддржувачите на Бајден и на Трамп веројатно за јота нема да ги променат своите ставови за двајцата претседателски кандидати. Всушност, во Америка денеска има многу малку неопределени гласачи. Бајден во моментов има стабилно водство од околу 8% на национално ниво, како и предност во оние неколку држави кои, заради  специфичниот изборен модел на Америка, можат да го решат финалниот гласачки резултат.

На Бајден му требаше да не се посрамоти во дебатата, а на Трамп му требаше пресврт. Впечаток е дека и двајцата не го направија тоа. И покрај поголемата убедливост на Бајден, ниту еден од нив не доминираше во расправата на начин да го декласира противникот.

Сепак, ако се изборите утре, Бајден веројатно би бил избран да биде следниот претседател на САД. А и во оваа дебата се потврди дека не е јасно дали Трамп би го признал поразот!

Но, до изборите во Америка има уште долги триесетина дена. Којзнае уште што го чека светот во циркузот во кој се претвори американската политика. Не се знае кој последен ќе се смее, но сигурно е дека ќе има многу расплакани.

 


Сите права се задржани.

Next Post

За неносење маски казнети 870 лица

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk