ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Контраспин: Јанкулоска е „жртва“ на авторитарниот систем на бегалецот Груевски

September 30, 2020 12:40
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Случајот „Тенк“ за кој Јанкулоска и Поповски издржуваат казна затвор, а Никола Груевски „храбро“ побегна од земјата, е чист од правен аспект, барем според пресудата што е потврдена во три степена – Основен, Апелација и Врховен суд. Но, ВМРО-ДПМНЕ спинува дека Јанкулоска е жртва на Заев, без да појасни зошто во чист случај не бара отворено и Груевски да се врати и да ја дели судбината на останатите двајца осудени, пишува Вистиномер.

Во ставот на ВМРО-ДПМНЕ, кој се однесува на случајот „Тенк“ и на Гордана Јанкулоска, има повеќе спинови:

Спин: Гордана Јанкулоска е жртва на неправдите и политичкиот прогон на мафијата на Заев. Јанкулоска оди во затвор за автомобил кој го вози и користи Зоран Заев и неговата мафија и во исто време кога истата таа власт троши над 8 милиони евра за купување на нови службени возила…

Контраспин: Веднаш по веста дека поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, е спроведена на издржување казна затвор во траење од четири години, ВМРО-ДПМНЕ излезе со став во кој се детектира јасен спин.

Врвот на партијата, имено, извртувајќи ја вистината, комуницира со јавноста дека Јанкулоска е „жртва на политички прогон“ на власта и на Зоран Заев, кои ги нарекува мафија. Но, уште повеќе, партијата спинува дека Јанкулоска оди во затвор “за автомобил кој го вози и користи Зоран Заев и неговата мафија“ и во исто време кога таа власт „троши над 8 милиони евра за купување нови службени возила“.

Фактите говорат дека вистината е поинаква. Најважното, Гордана Јанкулоска се наоѓа на издржување казна затвор поради пресуда на надлежен кривичен суд, која е правосилна и ги поминала сите три инстанции, кои ги овозможуваат законите. Пресудата по случајот „Тенк“ е изјаснување на судот за противзаконска набавка на блиндиран „Мерцедес“ од страна на МВР и таа е еден од првите случаи на поранешното Специјално јавно обвинителство со завршница, за што истрага беше поведена уште во пролетта 2017 година.

Една година подоцна, во мај 2018 г. беше донесена осудителна пресуда за помошникот министер за внатрешни работи, Ѓоко Поповски, со казна затвор од 6 години и 6 месеци, како и за екс премиерот Никола Груевски, со казна затвор од 2 години. Во октомври истата година Апелација ја потврди пресудата за Груевски, а упатниот акт му беше за 8 ноември. Ден, два претходно Груевски побегна од земјата под неразјаснети околности, а за бегството ниту има завршница на истрагата, ниту, пак, се разјаснија околностите.

На Јанкулоска ѝ се судеше во одвоена постапка поради нејзината бременост во тоа време, а пресуда беше донесена во октомври 2018 година, Апелација во 2019 г. ја потврди пресудата, но и ја намали казната на 4 години и конечно, Врховниот суд во 2020 година ги потврди казните за сите тројца осудени.

Според тоа, сосема е јасно дека случајот е чист од аспект на легалноста во процедурата и на тростепениот судски систем. Груевски е осуден бегалец за примање награда за противзаконско влијание, а Јанкулоска и Поповски за злоупотреба на службената положба.

Тоа што Мерцедесот од случајот сѐ уште се користи, иако СДСМ најавувал дека ќе го продаде и со парите ќе се купат амбулантни возила, тоа во случајот со Јанкулоска воопшто не е важно. Исто како што не е важно дали власта на СДСМ и ДУИ во изминатите три години набавила службени возила за 8 милиони евра.

Тоа се факти кои денес или во иднина можат да бидат оценувани од етички или од аспект на нечија евентуална кривична одговорност ако имало злоупотреби во конкретен случај и сознанија за истите. Но, тоа воопшто не е поврзано со осудителната правосилна пресуда за Јанкулоска која, да повториме, таа почна да ја издржува. За разлика од главниот актер во претходниот авторитарен режим, во кој Јанкулоска беше речиси цело време министерка за внатрешни работи, Никола Груевски, кој за истото дело реши да не оди во затвор, бегајќи надвор од земјата.

А ВМРО-ДПМНЕ, освен што спинува за тоа чија жртва е Јанкулоска, би можела да ѝ појасни на јавноста зошто не го повикува Груевски да ја дели судбината со другите двајца осудени и да се соочи со правдата, при правно чист случај потврден од три судски инстанции.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Ципрас и Заев им ја доделија Преспа наградата за мир на режисерите на документарниот филм „No Other Land“

June 10, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Пренесувањето на „Ричард трети“ на Албанскиот театар во денешно време е одлично дело поставено на театарската сцена

June 10, 2025

Тежина, звук и дамка: Клуч за избор на совршена лубеница

June 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Падна ChatGPT

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ги доби ли премиерот двете илјадарки да купи 62 свеќи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Били Ајлиш и Нат Волф потврдија романса со бакнеж во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не, не се разбираме расисту филип т. петровски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски преку реторика анти-ДУИ, облекува „патриотска“- анти-државничка облека!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk