Јована Тренчевска, раководител на одделение за родова еднаквост, Сектор за еднакви можности во Министерство за труд и социјална политика, на панел дискусијата на тема „Дискриминацијата и вработувањето во јавниот и приватниот сектор“ во организација на ЦИВИЛ, се осврна на она што е вклучено во Законот за заштита од дискриминација, одлуката на Уставниот суд да се укине законот предизвика бурни реакции, не само кај активистите и професионалците туку и кај граѓаните, тој се рефлектива во секојдневното живеење.
„Од тој аспект, живееме во време во кое што главна опција е градењето на социјанла демократска современа држава, каде почитувањето на човековите права е темелна вредност. Во моментов немаме заокружена законска регулатива која ќе биде посветена на дискриминацијата и еднаквите можности, приоритет на Владата е донесување на овој Закон, тој приоритет е реализиран и е во собраниска постапка“, истакна Тренчевска.
Таа додаде дека Прелог законот бил позитивно оценет од Советот на ЕУ, Комисијата на ЕУ и Венецијанската комисија како современ закон, и со неговото условување ќе имаме заштита од дискриминацијата.
„Законот ќе се применува и во приватната и јавната сфера и експлицитно се наведени областите каде не смее да има дискриминација, токму и работните односи се таму“, додаде Тренчевска.
А. Петровска / ЦИВИЛ МЕДИА