ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Средба на Шахпаска со претставнички на „Глас за насилство“ : Борбата против насилството врз жените и семејното насилство е заеднички приоритет

October 1, 2020 15:29
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика денеска се сретна со претставничките на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство – „Глас за насилство“, мрежа која опфаќа дваесетина граѓански организации кои работат на полето на спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство во нашата држава.

На средбата, како што соопшти МТСП, се разговараше за тековните активности на мрежата и организациите, соработката со Министерството за труд и социјална политика и другите надлежни институции вклучени во процесот со единствена цел,  унапредување на политиките и праксите во борбата против насилството врз жените и семејното насилство.

Од страна на претставничките на Националната мрежа за жени жртви на семејно насилство, беа посочени досегашните проекти  и активности кои се преземаат со цел помош и поддршка на жените жртви од насилство. Интервентен женски фонд, наменет за помош на жени кои се жртви на насилство и кои сакаат да ја напуштат насилната средина, преку обезбедување медицинска документација, извештаи од специјалисти, бесплатна правна помош, како и други итни мерки за поддршка на жената да излезе од насилната врска. Потоа, куќа за отворено домување за жени жртви на семејно насилство, со целосна финансиска и психо-социјална поддршка на жените сместени во неа  и други активности.

-Наша заложба како Министерство е  унапредување на човековите права, еднаквост и борба  против секаков вид на насилство. Тоа се нашите приоритети  и продолжуваме и понатаму со силна поддршка на сите граѓански организации кои се наши партнери во превенцијата и спречување на насилството, порача Шахпаска.

Министерката за труд и социјална политика изрази подготвеност на целосна поддршка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во заложбите за унапредување на социјалните сервиси и услугите кои ги даваат на жените жртви од насилство и семејно насилство.

Next Post

Маричиќ – претставници на ЗНМ и ССНМ: Синдикатите ќе бидат вклучени во измените на Изборен, Кривичен и Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk