Само 9 деца во целата земја кои посетувале градинка од отворањето на градинките на 9 септември биле позитивни на коронавирусот, со лесна симптоматологија, а 4 се веќе оздравени. Вирус е регистриран кај само 13 вработени од 311 објекти во земјата, напиша министерот за здравство, Филипче во објава на својот Фејсбук профил.
Епидемиолошките анкети на случаите во градинките укажуваат дека главно станува збор за пренос на инфекција надвор од установите. Ова покажува дека дека доследното почитување на протоколите во рамките на установата значи безбеден воспитно-згрижувачки процес за сите.
Денеска, со Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, ја посетивме градинката „Буба Мара“ во населбата Аеродром каде разговаравме со директорката и вработените како се одвива воспитно згружувачкиот процес со спроведување на протоколите, напиша министерот Филипче.
Д. Е.





