ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ФИТР и УНДП го објавија повикот за дигитализација на општините

October 2, 2020 13:11
in TECH FRONT, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и УНДП објавија јавен повик за дигитализација на општините со цел развој на дигитални алатки и решенија за подобри и поквалитетни услуги. УНДП ги обезбедува средствата за повикот, вкупно четири милиони денари, а спроведувањето му е доверено на Фондот.

Повикот е отворен денеска и ќе трае до 15 октомври 2020 година, до 14:00 часот. Апликантите треба да развијат Е-платформа која ќе ги интегрира решенијата за воспоставување електронски систем за наплата на давачките кон општината, систем за електронско плаќање сметки кон јавните претпријатија, електронски систем на волонтери и онлајн платформа за општински форум.

Е-платформата треба да биде изработена за максумум 30 дена, а еден апликант треба да даде понуда за сите четири решенија кои треба да се имплементираат во петте пилот општини: Центар Жупа, Боговиње, Свети Николе, Прилеп и Куманово. Преку ФИТР се обезбедува финансирање до 100 отсто од вкупниот буџет за проектот, во максимален износ од 75.000 американски долари, со вклучени трошоци за надзор во износ од 10 проценти од вкупниот оперативен буџет на проектот.

Како што соопшти денеска на прес-конференција директорот на Фондот, Јован Деспотовски, на повикот може да конкурира секоја компанија која смета дека нуди соодветни алатки, независно дали е микро, мала, средна или голема.

Според Деспотовски, се очекува решенијата да бидат изготвени, но и имплементирани до крајот на годинава. Притоа, ќе бидат целосно бесплатно достапни и за останатите општини кои ќе изразат подготвеност и желба. Компаниите, пак, кои ќе изготват решенија, ќе имаат можност да ги продадат и  надвор од земјава.

-Во рекордно краток рок со нашиот партнер УНДП изготвивме повик кој е конкретен чекор кон дигитализација на општините. Тоа значи полесен пристап и поквалитетни услуги, но уште поважно, ќе придонесе за зголемена транспарантност во работењето и намалување на корупцијата во јавниот сектор. Истовремено ова е одлична можност домашните компании целосно да се вклучат во активности за подобрување на функционирањето на јавниот сектор од крајнат придобивка граѓаните, истакна Деспотовски.

Постојаната претставничка на УНДП во земјава, Нарине Сахакиан очекува голем интерс за повикот.

-Се надеваме дека ќе ја искористиме иновациската моќ на приватниот сектор за да развиеме дигитални алатки кои не само што ќе им помогнат на општините да продолжат ефикасно да работат во ограничувачките услови на пандемијата, туку исто така ќе ги направат јавните услуги попристапни и отпорни на идни кризи. УНДП веќе ја поддржува дигитализацијата на дејностите на локалните власти на неколку начини. Обезбедивме опрема за пренос во живо за 13 општини за граѓаните да можат да ги следат седниците н општинските совети на интернет, развивме онлајн платформа за учење преку која општинските работници можат да следат обуки и да споделуваат информации со нивните колеги од други општини. Во септември 2019 одржавме хакатон од кој произлегоа три иновативни дигитални решенија за општинското работење. Со овој јавен повик се надеваме дека ќе ги достигнеме и надминеме минатите успеси, нагласи Сахакиан.

Степенот на технолошкиот напредок и степен на дигитализација, квалитет на проектот, капацитет на проектниот тим и влијание се главните критериуми според кои ќе се оценуваат предлог проектите доставени на повикот.

Петте пилот општини за реализација на алатките се селектирани преку Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) насочена кон поддршка на државата за справување со ефектите од КОВИД-19, како и спроведување брза и сеопфатна социо-економска анализа за ефектите од пандемијата и утврдување можности за побрзо опоравување на локално ниво.

Next Post

Кузеска: Со повратот на туристичка такса за 2019 година, два милиони евра ќе се вратат кај 4.740 субјекти

НАЈНОВО

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

Венко Крстевски: Кочани заслужува нов почеток – почеток на обединување, одговорност и заедничка работа

October 25, 2025

Трајановски најавува целосна дигитализација и транспарентност во Општина Аеродром

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk