Министерството за здравство информира дека во моментов се одржува консултација на Министерот за здравство Доц. д-р. Венко Филипче со членовите на Комисијата за заразни болести, каде се анализира актуелната епидемиолошка состојба и зголемениот број на нови случаи со ковид-19. Министерството ќе проследи повеќе информации по завршување на консултативната средба, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
Воследните 24 часа се направени 1694 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-96, Куманово-8, Штип-7, Прилеп-8, Тетово-15, Струга-3, Велес-5, Битола-8, Охрид-2, Кавадарци-6, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-11, Крива Паланка-7, Радовиш-1, Кочани-17, Пехчево-1, Берово-10, Валандово-3, Виница-1, Делчево-2, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-4.
Во болнички услови се починати 6 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 71 и 83г), по еден од Прилеп (78г), Тетово (63г) и Битола (59г).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18363, бројката на оздравени пациенти е 15164, на починати е 749, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2450.
Ј. Ѓ.





