ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Владата ќе се посвети на обезбедување ЕУ мониторинг на судските предмети на висока корупција што е можно побргу

Владата има целосен консензус дека е неопходно ефикасно и објективно „прочистување“ во правосудството, истакна премиерот Заев.

October 4, 2020 09:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата ќе се посвети на обезбедување ЕУ мониторинг на судските предмети на висока корупција што е можно побргу. Бевме прва држава во регионот кои од ЕУ побаравме веднаш да ја стартува иницијативата за мониторинг на судските предмети врзани со висока корупција. Европската комисија тоа го поддржа и најави брз старт за овој инструмент, вели премиерот Зоран Заев во интервју за весникот „Коха“.

-Сметаме дека овој чекор ќе ја зголеми одговорноста на обвинителите и судиите, ќе ја зајакне борбата против корупција, но и ќе ја зголеми довербата на граѓаните во својата држава и нејзините институции. Процесот на прочистување треба да го водат овие институции, секако во соработка со правната фела, затоа што само така ќе се врати вербата во судовите и обвинителствата, само така ќе се зајакне правосудството кое мора конечно да испорачува ефикасна, неселективна и навремена правда, вели Заев.

Повтори дека Владата има целосен консензус дека е неопходно ефикасно и објективно „прочистување“ во правосудството. Истакна дека првиот чекор од прочистувањето што треба да се толкува како ветинг е веќе направен со надлежноста на ДКСК да ја испитува имотната состојба на судиите и јавните обвинители.

Заев вели дека Владата, како и во претходниот мандат, ќе поддржи формирање анкетни комисии или иницирање меѓународна поддршка и мониторинг за одредени случаи кои, како што рече, создаваа меѓуетничка недоверба и тензии.

-Дополнително, ќе предложиме и законски обврски со кои ЈО ќе мора редовно и континуирано да ја информира јавноста за својата работа и напредокот во предмети кои ги следат граѓаните. Само со транспарентна работа ќе се справиме со криминалот и корупцијата, но и со недовербата кон правната држава која ја имаат граѓаните, вели премиерот Заев.

Next Post

Дрвјата Џошуа во пустината Мохаве под закана од исчезнување

НАЈНОВО

Божиќните датуми поголем проблем за бизнисот од промената на летното и зимското сметање на времето

October 25, 2025

Најголемите кражби на уметнички дела и накит во историјата

October 25, 2025

САД воведоа санкции врз колумбискиот претседател Густаво Петро и членовите на неговото семејство

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 25 и 26 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk