Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03 октомври, сабота) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 272 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 9 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 89 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 8, санкционирани 12 мотоциклисти, 74 мерки за непрописно паркирање, 50 возила се подигнати со специјално возило„пајак“, а изречени се 46 казни за неносење на заштитна маска.
МВР вчера спроведе засилена акциска контрола и на територијата на Охрид. Притоа изречени се вкупно 149 санкции, меѓу кои 40 за пречекорена брзина на движење, 14 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 8 за возење без возачка дозвола, а санкционирани се и 14 мотоциклисти.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се вели во соопштенијата до медиуми од МВР.
Д. Е.