ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Тоа што мојата прва билатерална посета е на Софија е порака сама за себе

October 6, 2020 16:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска најави дека неговата прва билатерална посета ќе биде на Бугарија што, како што потенцира, претставува порака сама за себе, бидејќи укажува дека подобрувањето, односно одржувањето на односите со нашите соседи, вклучувајќи ја и Бугарија, е наш сериозен интерес и приоритет.

– В петок одам во официјална посета на Бугарија каде средбата со мојата колешка Захариева, ќе биде првата моја билатерална официјална средба како министер за надворешни работи и очекувам да испратиме пораки на пријателство, на заемна поддршка и во насока на заедничкиот интерес за европската иднина на целиот регион. Оваа посета претставува и исполнување на првиот приоритет од мојата мандатна мисија како предводник на дипломатијата, а тоа е активен придонес во одржувањето и унапредувањето на добрососедските односи, порача Османи.

Тој изрази очекување дека на средбата ќе стане збор за сите прашања, како што рече, во поддршка на создавање услови за непречена работа на Мешовитата експертска комисија дури и во време на рестриктивните мерки на пандемијата, како и отстранување на сите пречки за засилена политичка, но и економска соработка помеѓу двете земји.

Со Захариева, посочи Османи, ќе разговараат и за заедничкото копретседавање со Софискиот самит од Берлинскиот процес, што е закажан за почетокот на ноември.

– Нам ни претстојат две работни сесии помеѓу министрите за внатрешни работи и министрите за здравство и верувам дека со засилена политичка активност во рамки на Берлинскиот процес, но и со најавените посети ќе ги адресираме овие предизвици коишто стојат на патот на продлабочување на политичката соработка и пријателството помеѓу двете земји коишто се апсолутно неспорни, рече Османи.

Тој додаде дека интензивирањето на комуникацијата на политичко ниво и на ниво на стручните тела, на комисиите, најмалку ќе ги оттргне предрасудите што, како што истакна, можеби се создадоа во меѓувреме, можеби и поради пандемијата и одржувањето на изборите, што придонесе во некое ослабување на динамиката на комуникација и тоа ќе биде вредност самa по себе.

– Фактот на интензивирање на комуникацијата, бидејќи очекувам по мојата средба да има средба и помеѓу премиерите и влегуваме веќе во еден нов модус на комуницирање со нашиот сосед, а праксата и историјата покажуваат дека секогаш кога има добра комуникација се наоѓаат и решенија. Јас сум оптимист дека на овој начин ќе успееме да ги надминеме евентуалните разлики кои постојат иако инструментите во рамката за надминување се веќе дефинирани со договорот за добрососедство, но прашање е на внесување на нова енергија, нова динамика во имплементација на договорот, оцени Османи.

Во однос на Договорот за добрососедтво со Бугарија, Османи вели дека во него има обврски и за нас и за Бугарија.

– Главната обврска на Бугарија е членот 2 во Договорот, што предвидува дека Република Бугарија ќе ја поддржи евроатлантската интеграција на Република Северна Македонија. И тоа сметаме дека е важен дел од обврските. И тоа досега е почитувано. И во делот на членството во НАТО и во делот на консензусот на одлуката за започнување преговори со ЕУ и очекувам истото тоа да се повтори сега со консензусот за преговарачката рамка и за започнување на меѓувладината конференција, рече шефот на дипломатијата.

Меѓутоа и нашите обврски, потсети Османи, што се дефинирани во членот 5, став 2 од Договорот, а тоа всушност се взаемни обврски, е тоа дека ќе се формираат комисии на историчари кои ќе ги разгледаат врз основа на историски факти различните интерпретации на историските настани.

– Можам да кажам дека тука и покрај различната интерпретација колку работела комисијата, фактот дека за 20 месеци имало 9 средби, во кои е постигнат значаен резултат за повеќе историски епохи не може да се занемари, меѓутоа прашање е која динамика можеме да ја наметнеме и во услови на пандемија и во услови на други ограничувачки фактори, истакна Османи.

Во однос на Грција, додаде шефот на дипломатијата, се работи на Акционен план за имплементација на Договорот.

– Се разбира очекуваме и од Грција во својот дел да работи на имплемтација на обврските, рече министерот за надворешни работи.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Каранфилова – Пановска: Пораките на Кошта се јасни, одговорност на власта е да го деблокира европскиот пат

May 15, 2025

Дојава за бомба во салата „Јане Сандански”

May 15, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Преговори Украина – Русија утре во Истанбул, Зеленски ја напушти Турција

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk