ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Каранфилова – Пановска: Пораките на Кошта се јасни, одговорност на власта е да го деблокира европскиот пат

May 15, 2025 23:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изјавата на претседателот на Европскиот совет е прецизна и кога станува збор за тоа како Македонија треба да го продолжи европскиот пат, тој јасно кажа дека тоа што е договорено, ние како држава имаме обврска да го испорачаме, истакна заменичката претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашната емисија 24 Анализа, на телевизијата 24. Во дебатата Каранфилова Пановска посочи дека денешната посета на претседателот на Европскиот совет е уште еден индикатор дека Европската Унија навистина вложува напори и праќа сигнали дека Македонија треба да се придвижи на патот кон европската интеграција.

„Изјавата на г-динот Кошта беше прилично прецизна, би рекла и прилично доследна на она што беа и претходни изјави од високи претставници на Европската Унија. Тој кажа дека тоа што е договорено е договорено и дека сега ние имаме обврска да испорачаме по договореното. Ако се контекстуализира наративот, може да се прочита дека практично тоа што е договорено со Преговарачката рамка го утврдува патот, но воедно ги утврдува и гаранциите“, рече Каранфилова Пановска.

Во дебатата, Каранфилова Пановска посочи дека премиерот Мицкоски со својата денешна изјава покажува дека владејачкото мнозинство нема намера да го одблокира евроинтеграцискиот процес. Таа нагласи дека европскиот пат е блокиран, додавајќи дека СДСМ ќе го поддржи сè она што ќе значи подобра преговарачка позиција.

„Ние сите овие месеци наназад повторуваме и кажуваме дека апсолутно стоиме зад поддршка на сè она што Владата ќе успее да го обезбеди како подобра преговарачка позиција во овој процес. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе поддржи било каков предлог во таа насока, но тоа што е реалност е дека такво нешто не се случува“, рече Каранфилова Пановска.

Притоа, Каранфилова Пановска посочи дека СДСМ во својот владин мандат секогаш упатувала покани до ВМРО-ДПМНЕ како опозиција за вклучување во ЕУ процесот. Таа додаде дека кога се во прашање стратешките интереси на државата и граѓаните, треба да има заеднички дијалог.

„Во 2021 година, на иницијатива на тогашната опозиција ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ во Собранието како владејачко мнозинство ја поддржа резолуцијата со којашто исто така беа дефинирани црвените линии. Апсолутно се неоправдани обвинувањата дека на тогашната опозиција не ѝ било дозволено да биде дел од процесот. Би било нефер да се каже дека СДСМ продолжил со евроинтеграциите, загрозувајќи го или ризикувајќи го идентитетот. Македонскиот идентитет денеска е признаен и заштитен“, рече Каранфилова Пановска, додавајќи дека СДСМ и сега како опозиција подава рака, во интерес на граѓаните и напредокот на државата, овој процес да се води заеднички.

Покрај автопатот и брзата траса кон ЕУ по којашто неминовно ќе се движат и Албанија и Црна Гора, веројатно и Молдавија, нам ни отвора прашања како држава и како граѓани со која гордост и со која перспектива ќе одиме пред нашите млади генерации, потенцираше Каранфилова Пановска во дебатата на 24 Телевизија.

Next Post
Драган Тилев

ИНТЕРВЈУ со Драган Тилев: Албанија и Црна Гора имаат јасна перспектива за членство во ЕУ, Македонија не напредува во процесот

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk