Почина единаесетгодишниот Илче кој пред еден месец беше згрижен во семејна единица во Демир Капија откако претходно беше напуштен во семејната куќа во Охрид од двајцата родители, пренесува Слободен печат.
Тој имаше ретка дијагноза, меѓутоа со медицинска грижа од тим од Детската клиника неговата здравствена состојба се подобри значително и беше пренесен во мал групен дом во селото Корешница. Меѓутоа, од засега непознати причини кои ги испитуваат истражните органи, Илче починал.
„Со жалење информираме дека единаесет годишниот И.В. синоќа ненадејно почина во Групниот дом при Специјалниот завод Демир Капија, во село. Корешница, Општина Демир Капија. Детето беше примено во Групниот дом на 7 август оваа година. Неговата здравствена состојба изминатиов период беше стабилна и постојано беше под надзор на стручни лица. Смртта синоќа настапила ненадејно и по налог на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција“, информираат од МТСП.