Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, верува дека Владата ќе успее со реформите кои ги најавува да придонесе позитивно во економијата.
Азески на Алсат М рече дека премиерот Зоран Заев, направи голем политички потег, а се покажал како успешен и искусен и со приватниот капитал.
„Па, верувам од неколку аспекти, затоа што кога претседателот Митеран, го избрале и прво разговарал во кабинетот, рекол треба да има 50 години една држава за да го примам шефот на државата.
Второ, верувам затоа што овој човек тука, претседателот на Владата направи голем политички потег и покажа дека може да го направи тоа во економијата.
И верувам дека има доволно искуство приватниот капитал во Македонија да си го заземе своето место кое го заслужува”, рече Азески.