Полициски службеници од СВР Скопје во координација со други служби на МВР, врз основа на судска наредба, вчера вечер, околу 21 часот го лишиле од слобода и привеле 24-годишниот И.Т. од Скопје, за истрага со определена мерка притвор во траење од 30 дена, за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“.
Лицето било спроведено во казнено-поправна установа.