Се повеќе и повеќе, секојдневно свесен сум (за жал) дека има промени на светско ниво (природни, вештачки , наметнати – независно) и треба да се навикнеме на новата нормалност. Маски и дистанца (се надевам краткорочно), внимателност, претпазливост, совесност (засекогаш)…..
Но. Не постои нормалност без зголемена па и забетонирана свесност за присутноста на лицата со нетипичен развој меѓу нас, за нивно прифаќање, почитување, инклузија во општеството. Затоа што тие лица не само што се наши сограѓани и сожители, тие се и наши браќа и сестри, братучеди, тетки и други роднини, пријатели, комшии. Тие се наши другари кои заслужуваат да почувствуваат дека се сакани и дел од нашето заедничко секојдневие.
Јас НЕ САКАМ ниедна нова нормалност БЕЗ нив во нашиот ден. Не постои такво нешто. Доста е „од зборови“, уште веднаш „на дела“.
Да им покажеме дека деновите сакаме да ги поминуваме ЗАЕДНО.
Да растеме ЗАЕДНО како ЕДНО 
Да растеме како Јин и Јанг 



ФБ статус на Денис Јанкуловски